Како би изгледале повозрасните познати дами без корекциите на лицето?
- Детали
- сабота, 19 февруари 2022
Дали некогаш сте се запрашале како би изгледале Мадона, Деми Мур или Сара Џесика Паркер ако немаа направено никаква корекција на лицето?
Пластичните операции и ботоксот веќе станаа норма кај славните и речиси и да не постои позната личност која нема направено барем една корекција на лицето. Дури и оние кои упорно негираат, со текот на времето почнуваат да откриваат дека ставиле малку ботокс за брчките, дека користат филери за усните или дека направиле некоја хируршка корекција.
Покрај тоа, сите копнеат по таканаречената холивудска насмевка, па штом се прослават, си ги средуваат и забите, а ова прави драстична разлика во нивниот изглед.
Иако честопати им се восхитуваме на повозрасните познати дами за младешкиот изглед, факт е дека гените и здравите животни навики не се единственото нешто што им помага во тоа.