Љубовта прави да блеска: Адријана Лима совршена во фустан со деколте во Катар, со партнерот (фото)
- Детали
- петок, 05 ноември 2021
Љубовта прави Адријана Лима да блеска. Таа со својот изглед доминира каде и да се појави и сега направи уште еден совршен моден избор во низата, се разбира, со Андре крај неа.
Адриjана Лима никогаш не греши кога станува збор за гламурозните изданија на црвениот тепих, па така беше и овојпат. Таа направи модна доминација во кус кадифен фустан со деколте и патент на моден настан во Катар.
На настанот во срцето на Доха, кој има за цел поврзување на уметноста, модата и дизајнот преку различни програма со изложби, јавни говори и други специјални случувања, Лима се појави со момчето Андре Лемерс.
Таа не се дели од него, а неодамна со него се појави во кус фустан со перје на филмската премиера на „Spencer“ во Лос Анџелес, а пред тоа блесна во жолто-златна креација на премиерата на „Last Night In Soho“ исто така во Лос Анџелес.
Прочитајте и Ја држи за рака, горд е на неа: Адријана Лима во секси издание покрај новото момче (фото)
Совршените модни изданија на Лима:
С. С. | Црнобело