Џејми Ли Кертис (62) откри дека нејзиното дете е трансродна личност - од Томас стана Руби

Актерката Џејми Ли Кертис вели дека со многу солзи ја прифатила веста и дека најмногу ѝ е жал што повеќе не го користи „мртвото“ име на нејзината ќерка Руби – Томас.

sinot-na-djejmi-li-kurtis-otkri-deka-e-transrodna-lichnost-od-tomas-stana-rubi-01.jpg

Џејми Ли Кертис (62) откри дека ѝ било многу тешко да се навикне на тоа дека нејзиниот син Томас е трансродна личност и дека сега сака да му се обраќаат со името Руби.

Актерката вели дека ѝ било тешко да се навикне на помислата дека сега има ќерка Руби, но дека ѝ ја дава целата своја поддршка.

Џејми вели дека уште се случува да погреши кога ѝ се обраќа на Руби, но дека таа ѝ го простува тоа.

„Учам нов јазик. Учам нова терминологија и зборови. Нова сум во ова. Не сум личност што се преправа дека знае многу за нешто за кое не знае. И ќе правам грешки, но ќе се обидувам да избегнувам да правам големи грешки.“

sinot-na-djejmi-li-kertis-otkri-deka-e-transrodna-lichnost-od-tomas-stana-rubi-10.jpg

Руби вели дека уште на 16-годишна возраст знаела дека е поинаква, но дури пред неколку години кога започнала да се состанува со сегашниот свршеник Том во главата за првпат донела одлука за промена на полот.

Вели дека соопштувањето на одлуката на родителите минатото лето ѝ било застрашувачко искуство, иако длабоко во себе чувствувала дека ќе ја прифатат.

Џејми, за одлуката на нејзината ќерка, вели дека имало многу солзи и најтешко од сè ѝ е што не го користи веќе „мртвото“ име на Руби – Томас.

„Руби, горда сум што сум твоја мајка, денес повеќе од кога било“, напиша Џејми во описот на статијата од магазинот People што ја сподели на својот Инстаграм профил.

Руби пред промената на полот:

sinot-na-djejmi-li-kurtis-otkri-deka-e-transrodna-lichnost-od-tomas-stana-rubi-04.jpg

sinot-na-djejmi-li-kurtis-otkri-deka-e-transrodna-lichnost-od-tomas-stana-rubi-05.jpg

sinot-na-djejmi-li-kurtis-otkri-deka-e-transrodna-lichnost-od-tomas-stana-rubi-03.jpg

sinot-na-djejmi-li-kurtis-otkri-deka-e-transrodna-lichnost-od-tomas-stana-rubi-02.jpg

sinot-na-djejmi-li-kurtis-otkri-deka-e-transrodna-lichnost-od-tomas-stana-rubi-06.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бен Афлек и синот „шлапнаа“ во вир, Жизел Бундшен тагува: Фото-докази дека и ѕвездите се „обични“ лу... Секојпат кога Бен е мизерен, тој завршува како меме, а пред неколку дена папарац...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
Продавање дрога, убиство: Познати личности кои имаат проблематични деца Синот на Џеки Чен беше обвинет за продажба на дрога, додека синот на Том Хенкс п...
Љубовни триаголници: Како пријателите во Холивуд си ги „крадат“ партнерите? По разводот со Том Круз, Кејти Холмс почна врска со Џејми Фокс кој му беше добар...
Го погреба синот, ја победи депресијата: Животната приказна на Ени Ленокс Популарната пејачка Ени Ленокс (69), иако секогаш насмеана на сцената, преживеа ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg