По виралната фотка од машкоста на Џејсон Деруло, и Кристијано Роналдо со слична фотка
- Детали
- петок, 15 октомври 2021
Во 2019-та година фотографијата од Џејсон Деруло го доби називот „анаконда фотографија“, а сега Кристијано Роналдо се појави во слично издание, рекламирајќи ја долната облека од својата линија.
Кристијано Роналдо (36) е познат по своето фит тело, па воопшто не е чудно кога позира во долна облека.
Но, на последната фотографија што ја објави на Инстаграм во фокус е неговата интима, повеќе од вообичаено.
Роналдо вели дека задолжително нешто за да му започне утрото му се кафе и мотивација, а на фотографијата всушност рекламира парче од својот бренд за долна облека.
Ваква фотографија во 2019-та година осамна и на Инстаграм профилот на музичарот Џејсон Деруло (32). Таа предизвика лавина од реакции, многумина дури ја насловија „анаконда фотографија“, но брзо потоа Деруло ја избриша.
Сепак, фотографијата од Деруло и понатаму кружи на социјалните мрежи.
С. С. | Црнобело