Се огласи бившиот на Бритни Спирс, Кевин Федерлајн, за нејзината состојба + како изгледаат нивните синови сега
- Детали
- сабота, 09 октомври 2021
Едниот син на Бритни денес има 16, а другиот 15 години – како изгледаат сега, што мисли нивниот татко Кевин Федерлајн за состојбата на Бритни, плус емотивни фотки од Бритни со синовите во младоста...
Поранешниот сопруг на Бритни Спирс, Кевин Федерлајн (43), ѝ е комплетна поддршка на пејачката во целиот процес на борба и ослободување на Бритни од легалното старателство на нејзиниот татко.
Некогашниот танчар кој има два сина од бракот со Бритни преку својот ПР менаџер се огласи за магазинот People дека ја поддржува Бритни и дека сака таа да се ослободи од стресот за да биде добра мајка на нивните синови тинејџери Шон Престон (16) и Џејден Џејмс (15).
„Ако Бритни сака да ги види децата, таа може слободно да го прави тоа“, додава гласноговрникот на Федерлајн, без да навлегува околу детали за старателството врз децата.
Тој додава дека сè додека децата се добро и се чувствуваат безбедно Бритни може слободно да минува време со нив, без легален старател или каков било надзор.
Извор близок до пејачката вели дека таа се надева дека откако се ослободи од легалното старателство од татко ѝ конечно ќе може повеќе да ги гледа своите синови, кои сега се пораснати тинејџери. Во 2019 година по конфликт помеѓу таткото на Бритни, Џејми Спирс, и неговиот внук Шон Престон донесена е забрана за пристап за Џејми кон Шон и кон неговиот брат Џејден.
Нови фотки од Шон и Престон (двајцата се во црно):
Kaко изгледа Кевин Федерлајн сега:
https://www.instagram.com/p/CUgdJ5soJh4/
https://www.instagram.com/p/CTTVQoZsUYr/
https://www.instagram.com/p/CSVQYwJFVZY/
https://www.instagram.com/p/CSElZp1nK_Y/
Повеќе постари емотивни фотки од Бритни со нејзините синови на следната страна...