Кои ѕвезди ги разгалуваат семејствата со пари и подароци, а кои не им оставаат ништо?
-->
Децата на Даниел Крег нема да наследат многу пари од него, најмногу бидејќи актерот смета дека тоа е погрешно и, едноставно, не сака да ги разгалува идните генерации оставајќи им многу пари.
Стинг има шест деца, но не планира да им остави многу пари. Пејачот вели дека сака неговите деца сами да заработуваат, а на шега има изјавено и дека не би ни останале пари по неговата смрт бидејќи веќе го трошат неговото богатство.
Гордон Рамзи нема да им остави ништо на неговите пет деца. Но, има изјавено дека ќе им помогне да си купат дом, односно ќе им даде 25% од сумата што ќе треба да ја платат. Познатиот готвач нагласува дека ова не е злобна постапка, туку само не сака неговите деца да бидат разгалени.
-->
Мила Кунис и Ештон Кучер одлучиле дека не треба да им купуваат подароци за Божиќ на нивните деца – нешто што е еден вид традиција во САД. Истовремено, тие нема да им остават речиси ништо од нивното милионско богатство, сè со цел да не ги разгалат.
Елтон Џон вели дека нема да ги остави децата без пари, но нема ни да ги разгали со големо наследство. Пејачот сака да им остави доволно средства колку да се снајдат во животот, а за сè останато ќе треба да си заработат сами.
Сајмон Кауел не сака да им остава пари на децата. Наместо тоа, тој вели дека ќе ги остави во добротворни организации, најверојатно за деца или животни.
Режисерот Џорџ Лукас смета дека неговото богатство не му припаѓа на семејството, туку на образованието. Според него, образованието е клучно за преживувањето на човечката раса, па скоро целото богатство планира да го донира во такви цели.
-->
-->
Спирова С. | Црнобело
-->
Би можело да ве интересира:
„Ќе ја научиш ли ќерка ти да не биде како тебе?“ – Парис Хилтон критикувана затоа што ќе снима реалн...
„Ќе покажеш ли и колку дадилки имаш?“, „Како не ти е срам да се фалиш дека си до...
Славни парови кои беа верени, но никогаш не стапија во брак (нивната ретро љубов буди носталгија)
Дали некој од вас воопшто памти дека Никол Кидман и Лени Кравиц беа во врска, па...
Како изгледаат децата на славните кои речиси никогаш не се појавуваат во јавност? (фото)
Сигурно знаете како изгледа Сури – ќерката на Том Круз и Кејти Холмс. Но, дали з...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ...
„Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
Анџелина Џоли разочарана: Биолошката ќерка ѝ го сврте грбот – ќе се сели кај татко ѝ
Шајло Џоли Пит во мај годинава ќе наполни 18 години, а планира да се пресели кај...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес...
Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...