Милионерот Конор МекГрегор во кич издание со влечки и крената јака, со свршеницата во Лос Анџелес
- Детали
- четврток, 07 октомври 2021
Богатството на борачот Конор МекГрегор сега според Forbes се проценува на 180 милиони долари, но некогаш бил водоводџија. Тој има 3 деца со свршеницата, која била со него уште пред да се прослави. Парот е пример за вистинска љубов, но спортистот е познат по чудните модни избори.
Конор МекГрегор (33) беше фотографиран за време на прошетка во Лос Анџелес со свршеницата Ди Девлин.
Во жолта маица со крената јака, шорцеви и влечки ММА, борачот изгледаше кичесто, додека самоуверено даваше лајк со прстот кон папарацо фотографите.
Неодамна МекГрегор имаше сериозна повреда на ногата во борба во Лас Вегас и операција, па поради тоа на многу настани се појавува со бастун.
Тој веднаш по операцијата на социјалните мрежи се огласи: „Само што излегов од операционата сала, сè помина според планот, совршено, и се чувствувам одлично. Имам 6 недели одмор, па потоа ќе почнам одново.“
Конор МекГрегор е познат по тоа што знае да направи модни промашувања и на позначајни настани.