Метју Пери во непрепознатливо издание + детали за борбата со алкохолизмот: „Тешко се решава 30-годишен проблем“
- Детали
- петок, 01 октомври 2021
Метју Пери е еден од актерите што во изминатите години мошне отворено говореше за своите проблеми со зависностите, за долгата борба и патот до трезен живот.
По настапот на Friends Reunion каде имаше проблеми со говорот и објавата дека ја раскинува свршувачката со 29 годишната девојка Моли Хорвиц, актерот Метју Пери беше забележан низ улиците на Лос Анџелес, во непрепознатливо издание.
Во опуштено издание, со сива маица, бели шорцеви и израсната брада, актерот изгледаше опуштено, а воедно ова беше првпат да биде забележан во јавност по снимањето на Friends Reunion и откако објави дека ја раскинува свршувачката со Моли Хорвиц.
Во разговор за медиумите тој рече:
„Понекогаш работите не функцираат и во овој случај беше така. На Моли ѝ посакувам се најдобро“.
Тие беа заедно од 2018-тата година, а се верија во ноември 2020-тата година.
За време на обединувањето на Friends, забележително беше дека Метју има проблем со говорот, дека го завлекува текстот и не говори јасно, поради што многумина побрзаа да донесат заклучок дека актерот повторно им се враќа на старите пороци.
Сепак, следниот ден стигна објаснување дека актерот имал итна процедура на забот, поради што му бил отежнат говорот.
Метју Пери во минатото отворено говореше за борбата со зависностите од алкохол и таблети.
Тој претходно призна дека поради зависноста од алкохолот не помни цели три години од снимањето на Friends, односно периодот од 3-тата до 6-тата сезона во целост му е избришан.