Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Метју Пери (51) за првпат сподели фотка од 29-годишната вереница

Метју Пери, актерот најдобро познат по улогата во серијата Friends, првпат сподели фотографија од неговата вереница Моли Хурвиц.

metju-peri-za-prvpat-spodeli-fotografija-od-22-godini-pomladata-verenica-01.jpg

Неодамна, актерот соопшти дека тој и 29-годишната Моли се вериле, а бидејќи и двајцата си ја ценат приватноста, речиси и да нема нивни заеднички фотографии.

На социјалните мрежи, пак, профилите на Моли се приватни и оние кои не ја следат не знаат ни како изгледа. Затоа, беше вистинско изненадување што актерот одлучил да сподели фотографија од неговата сакана.

На фотографијата Моли позира со маичка инспирирана од серијата Friends, која е дел од колекција направена со цел да се соберат средства за борбата против корона вирусот.

Потоа, 51-годишниот актер сподели уште една фотографија од Моли, овојпат со бејзбол капче од истата колекција, а во описот се пошегувал дека бананата не е за продажба.

Метју и Моли се заедно од 2018 година и според извори блиски до парот, тие се навистина среќни:

„Метју и Моли веднаш се поврзаа. Моли постојано е покрај него и го поддржува, а тој е среќен што е со неа, па посака да го направи следниот чекор и да ја побара за жена. И двајцата се многу среќни“.

Прочитајте и „Не помнам три сезони од Friends“ – Метју Пери (51) го надмина алкохолизмот и ќе се венча со 29-годишната девојка

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Зависности, брак од 6 дена: Проклетството што ги следи актерите од „Сам дома“ Актерот што го глуми Баз, брат му на Кевин, беше обвинет за семејно насилство, н...
Холивудски актери кои биле без „скршен денар“ кога ја добиле улогата што ги прослави Шарлиз Терон безуспешно пробувала да кешира чек од ангажман како модел, кога ја ...
Двапати банкротирал, има трауми од повредата на половиот орган – Ал Пачино откри досега непознати де... Благодарение на мајка му успеал да ја избегне судбината на неговите најблиски др...
Обвинување за силување, бурни разводи – Кевин Костнер живее втор живот на 70 години, по скандалите По двата пропаднати бракови кои траеја повеќе од една деценија, како и конфликти...
Актери кои глумат најдобри пријатели во серии, но не се поднесуваат во реалноста Ким Катрал толку многу ја мрази Сара Џесика Паркер, што јавно ја „оцрни“ откако ...
„Татко ми ми ги земаше сите пари, ме удираше и ми забрануваше да спијам“: Тажното детство на Меколи ... „Ми велеше ’Ако не глумиш добро, ќе те удрам‘. Татко ми беше насилен – и психичк...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg