Моден двобој: Анџелина Џоли софистицирана дама, а Кети Пери со драматичен фустан на настан во Беверли Хилс
- Детали
- петок, 01 октомври 2021
Двете славни дами блеснаа на настанот, но Анџелина Џоли со класична елеганција, а Кети Пери со драматичност и ексцентричност. Кој стајлинг ви се допаѓа повеќе?
Анџелина Џоли (46) беше софистицирана дама во крем фустан покрај ќерка ѝ, на Бал по повод моќта на жените одржан во Беверли Хилс.
Со неа, во бел аутфит, беше и нејзината ќерка Захара, која има 16 години.
Џоли направи моден погодок со фустанот со фалти и црвениот кармин, а одржа и говор на настанот.
Но, погледите ги привлекуваше и Кети Пери, покрај својот свршеник Орландо Блум. Таа носеше драматичен, виолетов фустан од ексцентричната италијанска модна куќа Schiaparelli.
Некои го нарекоа фустанот на Кети несфатлив, други совршен.
Повеќе фотки од стајлинзите на двете славни дами - кој ви се допаѓа повеќе?
С. С. | Црнобело