Како децата на познатите личности дознале дека нивните родители се славни?

Синовите на Памела Андерсон – Брендон и Дилан

Памела има откриено дека нејзините синови само знаеле дека татко им е рок ѕвезда, а мајка им спасува животи. Но, кога отишле на сурферски камп, сфатиле дека и мајка им е позната личност.

„Си дојдоа дома и ми рекоа ’Мамо ти ли си Памела Андерсон?‘ Им реков да, па почнаа да ме прашуваат ’Што е тоа? Зошто луѓето ни ги кажуваат овие работи? Дали навистина си Памела Андерсон? Што се случува?‘ Јас само им потврдив“.

kako-decata-na-poznatite-lichnosti-doznale-deka-nivnite-roditeli-se-slavni-06.JPG

Децата на Мајкл Џексон – Принц, Парис и Принц Мајкл

Во интервју за Good Morning America, синот на пејачот – Принц Мајкл – изјави дека тие воопшто не биле свесни дека татко им е најголемата поп ѕвезда во светот.

„Мислам дека ни стана јасно кога погледнавме видео од негов концерт. Си помислив ’Хм, многу жени паѓаат во несвест на неговите концерти‘. Уште поизненаден бев кога видов и како мажи го прават истото. Тогаш си помислив дека тука има нешто“.

kako-decata-na-poznatite-lichnosti-doznale-deka-nivnite-roditeli-se-slavni-07.JPG

Синот на Одри Хепберн – Лука

Постариот син на Одри не бил свесен која е мајка му сè додека не наполнил шест години.

„За мене, мама беше Одри Доти (презимето на нејзиниот тогашен сопруг). Не знаев дека таа е Одри Хепберн. Не знаев дека е филмска ѕвезда. Кога новинарите ме прашуваа за Оди Хепберн, им велев дека сигурно направиле грешка, бидејќи мојата мајка е Доти“.

Дури кога наполнил шест години и видел филм со неа почнал да се прашува што се случува.

„Имаше сцена каде што мајка ми бакнува друг маж. Многу добро го помнам моментот бидејќи бев засрамен и веднаш истрчав кај тато и му реков ’Ова е сериозно. Мама бакнува друг маж‘. Ова објаснува во каква заблуда сум живеел“.

kako-decata-na-poznatite-lichnosti-doznale-deka-nivnite-roditeli-se-slavni-08.JPG

Децата на Џулиен Мур – Кејлеб и Лив

Децата на Џулиен знаеле дека таа е актерка, но не ни претпоставувале дека е една од најпознатите.

„Пред многу години добив филмска награда и децата беа со мене. Тие имаа изгледано само два од моите филмови и беа шокирани. Вистински шокирани!

Најпрво им беше чудно што сум снимила толку многу филмови, а потоа се шокираа поради некои од сцените во филмовите“.

kako-decata-na-poznatite-lichnosti-doznale-deka-nivnite-roditeli-se-slavni-9.JPG

Ќерката на Брус Вилис и Деми Мур – Румер

Слично како ќерката на Синди Крафорд, и Румер станала свесна за популарноста на родителите благодарение на посетите на Дизниленд.

„Кога одевме во Дизниленд многу луѓе им приоѓаа и сакаа да се фотографираат со нив. Тогаш воопшто не ми беше јасно што се случува“.

kako-decata-na-poznatite-lichnosti-doznale-deka-nivnite-roditeli-se-slavni-10.JPG

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
„Ќе ја научиш ли ќерка ти да не биде како тебе?“ – Парис Хилтон критикувана затоа што ќе снима реалн... „Ќе покажеш ли и колку дадилки имаш?“, „Како не ти е срам да се фалиш дека си до...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот? Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...
Адријана Лима: „Критиките за изгледот ми се смешни, немам 16 години, туку 42“ „Бев шокирана кога ги видов најновите фотки од мене, си помислив дека тоа не сум...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Камила Кабејо за нејзиното прво сексуално искуство: „Имав 20 години, беше многу убаво“ Во ново интервју, Камила Кабејо откри дека првата љубовна врска ја почнала на 20...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg