Како децата на познатите личности дознале дека нивните родители се славни?
- Детали
- недела, 14 август 2022
Скоро сите познати личности сакаат да ги заштитат нивните деца од јавноста, па не е ни чудно што многумина не им кажуваат дека се славни.
На почетокот ова може да биде лесно – на малите деца не им е јасно што значи славата, па не се ни сомневаат. Но, кога ќе почнат да разбираат повеќе, кога-тогаш мора да се соочат со фактот дека нивните родители се едни од најпопуларните личности на планетата. А, овие мигови сигурно се многу збунувачки за нив.
Па, како децата на некои од најпознатите личности сфатиле дека нивните родители се славни?
Синовите на Рики Мартин – Валентино и Матео
Во интервју за People од пред неколку години, Рики Мартин откри како неговите деца откриле дека е голема музичка ѕвезда.
Наводно, дечињата знаеле дека тој е пејач, но тоа било сè.
„Секогаш се со мене и постојано патуваа со мене, но секојпат ги оставав зад сцената. Тие ме гледаа отстрана како пеам, но не им беше јасно за кого пеам.
Еден ден, кога одлучив дека се доволно големи, им реков ’Одете напред‘ и ги видоа светлата и целиот спектакл. Кога завршив со настапот, ми рекоа ’Тато, ти си Рики Мартин!‘, а јас им реков ’Не, јас сум вашиот татко‘. Тие ми рекоа ’Не, не, не, ти си Рики Мартин‘ и оттогаш се промени сè“.
Ќерките на Кристен Бел и Дакс Шепард – Линколн и Делта
Комичарот Дакс Шепард го раскажа мигот кога неговите ќерки сфатиле дека тој и Кристен се познати.
Во интервју со Стивен Колбер, Дакс сподели дека едната ќерка го прашала зошто луѓето го слушале неговиот поткаст – дали за него, или другиот водител. Дакс ѝ рекол дека е поради него бидејќи е позната личност.
Ќерка му се шокирала и го прашала дали знае мајка ѝ Кристен, на што Дакс одговорил:
„Секако, мајка ти е уште попозната од мене!“
Ќерката на Синди Крафорд – Каја
Каја самата откри како сфатила дека мајка ѝ е позната во интервју за Teen Vogue:
„Мама ги одделуваше работата и приватниот живот што е можно подобро. Мислам дека сфатив што се случува околу мојот осми роденден во Дизниленд. Јас сакав да се фотографирам со една од принцезите, а сите сакаа да се фотографираат со мама“.
Синот на Дејвид и Викторија Бекам – Бруклин
Сигурно сите деца на Дејвид и Викторија биле шокирани кога сфатиле кои се нивните родители, но засега само Бруклин ја има раскажано неговата приказна.
„Воопшто не знаев дека се важни личности сè додека не наполнив 13 години. Отидов на фудбалски натпревар, а сите присутни го извикуваа името на тато. Само си помислив ’Што?!‘ Ми беше чудно бидејќи воопшто не ги гледав мама и тато како познати личности“.