Поранешни славни парови кои привлекуваа внимание, но сигурно сте ги заборавиле
Сандра Булок и Рајан Гослинг
Актерите ја почнаа врската во 2002 година, додека го снимаа филмот Murder By Numbers. Сандра е 16 години постара од Рајан и тој период ова претставуваше проблем за многумина, па парот се држеше што е можно подалеку од јавноста. Сепак, се разделија по една година заедно.
Парис Хилтон и Бенџи Маден
Сегашниот сопруг на Камерон Диаз беше во врска со Парис Хилтон, која траеше околу девет месеци. Парот ја почна врската во 2008 година и наводно се разделиле бидејќи биле премногу различни.
Алекс Родригез и Камерон Диаз
Алекс има долга историја со некои од најпознатите жени во шоу-бизнисот, а во 2010 година почна врска со Камерон Диаз.
Веројатно врската била сериозна бидејќи Камерон ги запознала неговите деца и се преселила во Мајами само за него.
По раскинувањето, Алекс изјави дека Камерон е прекрасна личност, но дека нештата во врската не оделе по план.
Никол Кидман и Лени Кравиц
Во свое време, ова беше најчудниот, но и најмистериозниот спој во светот на шоу-бизнисот. Лени и Никол најверојатно ја почнале врската околу 2002 година, а дури и се верија.
Не е познато колку долго биле заедно бидејќи и двајцата го даваа најдоброто од себе за да ја скријат врската од јавноста. Всушност, дури и за веридбата се дозна неколку години откако се разделија.
Леонардо ди Kаприо и Жизел Бундшен
Оскаровецот и познатиот супермодел ја почнаа врската во 2000 година и беа заедно цели пет години.
Во 2019-та Жизел откри дека раскинале поради нејзините проблеми со менталното здравје, односно бидејќи не ја добивала потребната поддршка од актерот.
Том Круз и Софија Вергара
Не се познати многу детали за оваа врска, но своевремено ги полнеше таблоидите. Се претпоставува дека Том и Софија ја почнале врската во 2004 и биле заедно нешто помалку од една година.
Според некои извори, на Софија воопшто не ѝ се допаѓала посветеноста на Том кон скиентологијата, па решила да ѝ стави крај на врската.
Спирова С. | Црнобело