Поранешни славни парови кои привлекуваа внимание, но сигурно сте ги заборавиле

Некои врски од светот на шоу-бизнисот остануваа запомнети и години подоцна - сите се сеќаваме дека Бритни Спирс и Џастин Тимберлејк беа пар и сите се сеќаваме на разводот на Бред Пит и Џенифер Анистон.

poraneshni-slavni-parovi-koi-privlekuvaa-najmnogu-vnimanie-no-sigurno-ste-gi-zaboravile-01.jpg

Но сепак, некои познати парови целосно ги забораваме, без разлика што своевремено биле најпопуларната двојка во светот.

Во продолжение неколку поранешни славни парови што сигурно сте ги заборавиле:

Тејлор Лотнер и Тејлор Свифт

Актерот најпознат по улогата во Twilight и Тејлор имаа многу кратка врска – од август до декември 2009 година. Но, овој период и двајцата беа огромни ѕвезди, особено меѓу тинејџерите, па фановите беа вљубени во нив како пар.

poraneshni-slavni-parovi-koi-privlekuvaa-najmnogu-vnimanie-no-sigurno-ste-gi-zaboravile-02.jpg

Мајли Сајрус и Ник Џонас

Мајли и Ник беа неразделни кога ја почнаа врската во 2006 година, но сепак се разделија две години подоцна.

Иако и двајцата тврдеа дека се лудо вљубени еден во друг, пејачката еднаш сподели дека премногу се расправале, па решиле дека е време да стават крај.

poraneshni-slavni-parovi-koi-privlekuvaa-najmnogu-vnimanie-no-sigurno-ste-gi-zaboravile-03.jpg

Џо Џонас и Деми Ловато

Парот ја започна врската во 2010 година, околу две години откако заедно се појавија во филмот Camp Rock. Но, нивната врска траеше само три месеци бидејќи сфатиле дека им е многу подобро кога се пријатели.

poraneshni-slavni-parovi-koi-privlekuvaa-najmnogu-vnimanie-no-sigurno-ste-gi-zaboravile-04.jpg

Бредли Купер и Зои Салдана

Актерите ја почнаа врската кон крајот на 2011 година и брзо станаа омилениот холивудски пар. Но, околу една година подоцна се разделија и наводно повеќе не се во контакт бидејќи Зои не сакала пријателски однос со бившите партнери.

poraneshni-slavni-parovi-koi-privlekuvaa-najmnogu-vnimanie-no-sigurno-ste-gi-zaboravile-05.jpg

Тејлор Свифт и Хари Стајлс

Уште една кратка врска на Тејлор што привлече многу внимание. Музичарите почнаа да се гледаат во 2012 година, а беа заедно едвај четири месеци. Не е познато зошто раскинале и ниту еден од нив не сака да споделува детали од врската.

poraneshni-slavni-parovi-koi-privlekuvaa-najmnogu-vnimanie-no-sigurno-ste-gi-zaboravile-06.jpg

Алекс Родригез и Кејт Хадсон

Бившиот на Џеј Ло и Кејт Хадсон ја почнаа врската во 2008 година, но и тие не издржаа долго – се разделија по околу седум месеци заедно.

Според Кејт, нивната романса никогаш не била сериозна и на двајцата им било јасно дека нема да бидат заедно засекогаш.

poraneshni-slavni-parovi-koi-privlekuvaa-najmnogu-vnimanie-no-sigurno-ste-gi-zaboravile-07.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Кејт Мос (50) - пијана, Деми Мур (61) - без грам шминка: Фото докази дека и ѕвездите се само „обични... Кети Пери се шета во тренерки, бившиот на Џенифер Анистон си пие вино со новата ...
Камерон Дијаз во тајност доби син на 51 година „Благословени сме и возбудени да објавиме дека се роди нашиот син Ксрдинал Маден...
Остана без работа поради користењето дрога, не ѝ дозволувале да јаде: Тажни детали од животот на Кеј... По бурната врска со Џони Деп, за да го преболи, Кејт Мос се вплетка во љубовен т...
8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Љубовни триаголници: Како пријателите во Холивуд си ги „крадат“ партнерите? По разводот со Том Круз, Кејти Холмс почна врска со Џејми Фокс кој му беше добар...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот? Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg