Бремената Кајли Џенер ги отвори вратите на домот од 35 милиони долари – какви детали открива за себе?
- Детали
- петок, 24 септември 2021
Како дел од популарниот видео серијал на Vogue – 73 прашања – Кајли Џенер ги отвори вратите од нејзиниот раскошен дом, притоа одговарајќи на неколку личи прашања, а сподели и детали за бременоста.
24-годишната Кајли Џенер живее во релативно новиот дом за кој одвоила неверојатни 36,5 милиони долари и кој се наоѓа во луксузно соседство во Лос Анџелес.
За посетата од Vogue, младата милионерка одбрала кроп-топ маичка што го истакнува нејзиното трудничко стомаче, во комбинација со бело долго сако и црни панталони.
Видеото почнува со малата Сторми која ја отвора влезната врата, а потоа Кајли споделува како изгледа нејзиниот вообичаен ден.
Во краткото интервју Кајли открива и дека првиот збор на Сторми бил „дада“ (тато), како и дека најмногу сака да ја слуша музиката на татко ѝ. Кон крајот на видеото младата мајка споделува дека уште немаат одбрано име за второто дете со Тревис:
„Па, прво треба да го откриеме полот, а одлучивме да почекаме за тоа“.
Кајли сподели и кој миг од нејзиниот живот што од оваа гледна точка не би сакала да биде прикажан на ријалити шоуто на нејзиното семејство.
Станува збор за епизода од 2007 година во која 9-годишната Кајли пробува да игра на шипка што Ким им ја купила на Крис и Кејтлин (тогаш Брус) Џенер.
На прашањето „кои се најлудите гласини што ги слушнала за своето семејство“, Кајли одговара: „Дека сите ние сме ќелави“.
Во видеото се појавува и Крис Џенер, која ја прашува Кајли кое е најважното нешто што го научила откако станала мајка:
„Дека сум многу трпелива“ – гласи нејзиниот одговор.
Додека трае интервјуто, Кајли се движи низ раскошниот дом, па имаме прилика да ѕирнеме како изгледа внатре.
Домот има 24-часовно обезбедување, седум спални соби и 14 бањи. Дворот е огромен и има базен покрај кој има неколку покриени места за седење.
Кајли има и огромна кујна која наводно е професионално опремена, па секој врвен готвач би можел да прави храна во неа.
Во куќата има и бар со билијард, теретана и дел за играње кошарка. Како многу познати личности, Кајли има и домашно кино, но и проектор во дворот.
Повеќе фотки од домот на Кајли Џенер:
Спирова С. | Црнобело