На Џиџи Хадид ѝ рекле дека е дебела – славни личности кои се соочиле со навреди и неуспеси пред да се прослават
Канје Вест
Еден од најпродаваните музичари на денешницата немал никаква поддршка и бил одбиен од бројни музички студија. Никој не верувал дека еден ден тој ќе биде успешен рапер.
Денес Канје е еден од музичарите со најмногу Греми номинации и им докажа на студијата што го одбија дека направиле огромна грешка.
Клинт Иствуд
Ѕвездата на холивудските вестерн филмови претрпела многу навреди додека да се прослави.
Наводно, во 1959 година Клинт успеал да добие улога во филм на Universal Pictures, но набрзо бил отпуштен. Причината била мошне бизарна – на студиото му пречело тоа што актерот има истакнато адамово јаболко, поткршен заб и, според нив, зборувал многу бавно.
Шакира
Шакира ја слушнала можеби најлошата навреда што можете да ѝ ја кажете на пејачка.
Додека одела на училиште, Шакира сакала да биде дел од училишниот хор, но професорот што го водел хорот ја одбил, кажувајќи ѝ дека „пее како коза“.
Жизел Бундхен
Жизел почнала со обидите да се пробие на светската модна сцена на 14-годишна возраст, но веднаш се соочила со критики. Наводно, од модните агенции ѝ викале дека никогаш нема да стане модел бидејќи имала многу мали очи, а голем нос.
Веројатно агенциите си го смениле мислењето во 2016-та кога Жизел влезе во Гинисовата книга на рекорди како модел кој заработува најмногу.
Тајра Бенкс
Тајра ја почнала кариерата уште на 15-годишна возраст, но кога наполнила 21 модната агенција ѝ рекла дека многу се здебелила, па дизајнерите не сакале да соработуваат со неа.
По оваа критика, Тајра планирала да почне да се изгладнува, но мајка ѝ ја натерала да одат на пица. Според моделот, мајка ѝ рекла:
„Нема шанси да дозволам моето дете да гладува за оваа проклета индустрија“.
Спирова С. | Црнобело