На Џиџи Хадид ѝ рекле дека е дебела – славни личности кои се соочиле со навреди и неуспеси пред да се прослават
- Детали
- сабота, 25 септември 2021
Никој не верувал дека Канје Вест ќе биде успешен рапер, а Шакира била длабоко повредена кога ѝ рекле дека „пее како коза“.
Сите се восхитуваме на успехот на познатите личности, но забораваме дека тие морале да се изборат за тоа. Обично не ни помислуваме колкупати биле одбивани, со какви критики и навреди се соочувале и колку неуспеси доживеале пред да си ја постигнат целта.
Освен оние кои имале среќа да се родат во семејства кои се активни во шоу-бизнисот, скоро сите познати личности имале бројни неуспеси пред ние да дознаеме за нив.
Погледнете дел од нив:
Рис Витерспун
Иако денес Рис е една од најуспешните актерки во Холивуд, на почетокот нештата не оделе по план. Актерката често била одбивана од најбизарните причини – ѝ велеле дека е многу ниска, многу енергична, па дури и дека изгледа многу интелигентно за да глуми млада девојка.
„Сите овие одбивања ме повредија, ги сфаќав лично и многу плачев во моите 20-ти“, има изјавено Рис.
Џиџи Хадид
Пред да стане најпопуларниот супермодел на планетата, Џиџи Хадид играла одбојка. Поради ова, младата девојка има мускулеста градба, а токму ова претставувало проблем за модните агенции.
Наводно, на Џиџи многупати ѝ викале дека мора да ослаби ако сака да стане модел.
„Плачев секоја вечер, но мајка ми ми рече дека само треба да ја најдеме вистинската модна агенција“.
За среќа, моделот најде агенција на која не ѝ пречи нејзиниот (нормален) изглед и денес речиси и да нема личност која не слушнала за неа.
Бендот Linkin Park
На почетокот, членовите на Linkin Park не биле сфатени сериозно и пред да се прослават биле одбиени од дури 43 музички студија. Еднаш дури им наредиле да си го променат музичкиот стил ако сакаат да издадат албум.
Бендот, нормално, го одбил ова и наместо тоа го издадоа албумот Hybrid Theory кој стана најпродаван за 2001 година.
Винона Рајдер
Кога имала само 15 години, на талентираната актерка ѝ рекле дека никогаш нема да се појави во филм бидејќи е грда. Најтажно е што ова не се случило само еднаш – Винона многупати била критикувана за изгледот.
Но, актерката не се откажувала и иако можеби денес не е активна како порано, дефинитивно изгради блескава актерска кариера.