Дечкото на Бритни Спирс гледа прстени - Ќе стапи ли пејачката по третпат во брак, откако татко ѝ се откажа од легалното старателство?

Додека за Бритни Спирс (39) на повидок е ослободување од легалното старателство од нејзиниот татко Џејми Спирс, нејзиното момче Сем Ашгари (27) беше забележан како купува прстен во Лос Анџелес.

dechkoto-na-britni-spirs-zabelezhan-kako-kupuva-prsteni-kje-stapi-li-pejachkata-po-tret-pat-vo-brak-01.jpg

Пред два месеци додека во центарот на вниманието беше битката на Бритни Спирс за ослободување од легалното старателство од нејзиниот татко Џејми Спирс, нејзиното момче Сем Ашгари саркастично им одговори на папараците дека тој и пејачката се во брак и имаат близнаци.

dechkoto-na-britni-spirs-zabelezhan-kako-kupuva-prsteni-kje-stapi-li-pejachkata-po-tret-02.jpg

Сега, папараците го фатија на дело додека купува прстен во Лос Анџелес, па се поставува прашањето: Дали откако пејачката конечно се ослободи од старателството на татко ѝ ќе стапи во брак по трет пат?

dechkoto-na-britni-spirs-zabelezhan-kako-kupuva-prsteni-kje-stapi-li-pejachkata-po-tret-03.jpg

Нема информации дали Сем навистина купил прстен или само разгледувал, но јасно е дека тие се мошне сериозни, затоа што Бритни во нејзиното сведочење пред судот кога изнесе голем број шокантни вистини за тоа како изгледал нејзиниот живот под легалното старателство веќе навести дека сака да се омажи за нејзиното момче и повторно да стане мајка.

dechkoto-na-britni-spirs-zabelezhan-kako-kupuva-prsteni-kje-stapi-li-pejachkata-po-tret-04.jpg

Прочитајте и Џастин Тимберлејк застана во одбрана на Бритни Спирс, по потресното сведоштво дека не ѝ дозволуваат да има деца

За тоа какви се нејзините чувства за Сем таа проговори неодамна и на социјалните мрежи.

„Не само што овој сладок човек беше со мене низ најтешките години во мојот живот, тој исто така е и одличен готвач“ – напиша Бритни до една од фотографиите што таа ги објави на Инстаграм.

https://www.instagram.com/p/CTA0W5gvhuu/?utm_source=ig_web_copy_link

Доколку Бритни ја прифати свршувачката со Сем ова ќе биде нејзина трета свршувачка, но и трет брак.

Во 2004-тата година таа се омажи за нејзиниот другар од детството Џејсон Александер. По луда забава за новогодишната ноќ во Лас Вегас тие се венчаа во капела, но бракот траеше само 55 часа.

dechkoto-na-britni-spirs-zabelezhan-kako-kupuva-prsteni-kje-stapi-li-pejachkata-po-tret-05.jpg

Подоцна истата година таа го сретна Кевин Федерлајн, танчарот со кого беше официјално верена и со кого стапи во брак. Тие заедно имаат два сина Шон Престон (15) и Џејден Џејмс (14).

dechkoto-na-britni-spirs-zabelezhan-kako-kupuva-prsteni-kje-stapi-li-pejachkata-po-tret-06.jpg

Прочитајте и Бритни Спирс со него доживеа нервен слом, сега е во среќен брак и има 6 деца – Што прави денес бившиот сопруг на Бритни?

dechkoto-na-britni-spirs-gleda-prsteni-kje-stapi-li-pejachkata-po-tretpat-vo-brak-otkako-tatko-i-se-otkazha-od-legalnoto-09.jpg

Бритни по втор пат се сврши во 2011-тата година со нејзиниот поранешен агент Џејсон Травик. Тие почнале да се гледаат во 2009-тата година, а две години подоцна додека биле во Лас Вегас, една вечер пред неговиот 40-ти роденден, Травик ја побарал за жена.

dechkoto-na-britni-spirs-zabelezhan-kako-kupuva-prsteni-kje-stapi-li-pejachkata-po-tret-07.jpg

Како и да е, тие никогаш не стигнаа до олтар, затоа што во 2013-тата се разделија тврдејќи дека сакаат различни нешта во животот.

Бритни го запозна Сем Ашгари во 2016-тата година на снимањето на спотот Slumber Party каде тој ја толкуваше улогата на нејзиното момче во спотот, по што веднаш се вљубиле еден во друг. Досега Сем ретко говори за нивната врска, но јасно е дека тој беше со неа во миговите кога навистина ѝ требаше помош и поддршка.

Што се однесува до легалната битка на Бритни за целосно ослободување од легалното старателство, според најновите информации, иако нејзиниот татко Џејми Спирс јавно најави дека ќе се повлече, адвокатскиот тим на пејачката го обвинува дека се обидел да изнуди износ од 2 милиони долари за официјално да ги потпише документите.

Прочитајте и Не се грижи за хигиената, анксиозна е, но напорно работи - Каква е Бритни Спирс според нејзините поранешни вработени?

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Татко ми ми ги земаше сите пари, ме удираше и ми забрануваше да спијам“: Тажното детство на Меколи ... „Ми велеше ’Ако не глумиш добро, ќе те удрам‘. Татко ми беше насилен – и психичк...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
Шон Пен ја држел Мадона врзана со часови: Холивудски скандали кои поминаа незабележано Знаевте ли дека во 2015-та, во базенот на Деми Мур било најдено мртво тело на 21...
Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...
„Не сакам да сум сопруга, туку девојка“: Шакира и уште 4 славни кои не сакаат да стапат во брак Шакира никогаш не била во брак, а Џејн Фонда смета дека сама може да направи пов...
Плејбој модел за Леонардо ди Каприо: „Става слушалки на уши за време на секс, стар е и чуден“ „За време на сексот си ставил слушалки за да не ги слуша девојките. Лео е премно...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg