Не се грижи за хигиената, анксиозна е, но напорно работи - Каква е Бритни Спирс според нејзините поранешни вработени?
- Детали
- петок, 27 август 2021
Додека некои поранешни вработени ја тужеле пејачката за загрозување на безбедноста и малтретирање, голем дел од нив имаат само добри зборови за неа и велат дека за нив тоа била работа од соништата.
На јавноста неодамна ѝ стана јасно дека изминативе неколку години се вистинска тортура за Бритни Спирс. Легалното старателство на татко ѝ имаше контрола над секој аспект од нејзиниот живот, но се чини дека и покрај сите проблеми, Бритни е добра и позитивна личност која се грижи за нејзините вработени.
Иако некои поранешни вработени тврдат дека Бритни е лоша личност, повеќето се восхитуваат на трудољубивоста на пејачката и нејзиниот однос со вработените.
Па, погледнете што велат поранешните вработени на Бритни Спирс за неа:
Некои се воодушевени
Пред и таа да стане светски позната пејачка, Кеша работеше за Бритни Спирс и има изјавено дека целото искуство било прекрасно. Кеша беше бек вокал за Бритни, а се потпиша и како коавтор на една од песните на пејачката.
Иако Кеша нагласува дека тој период немала можност да ја сретне Бритни во живо, била многу задоволна од можноста, а највозбудена била за тоа што Бритни пеела нејзина песна.
„Многу сакам да слушам како Бритни Спирс ги пее моите стихови. Никогаш нема да ми стане досадно. Кога ќе ја слушнете Бритни како ја пее вашата песна, тоа е подобро од што било“.
Некои морале да внимаваат да остане трезна
Бритни се соочи со бројни предизвици во животот и кога ќе се земе предвид што сè и се случи, очекувано е што пејачката имаше и проблеми со алкохол, лекарства и наркотици.
За среќа, сега пејачката се чини ги оставила пороците зад неа, а голема заслуга за ова имале и нејзините асистенти.
Имено, во 2011 година, поранешен асистент на Бритни за TMZ откри дека една од главните задачи му била да ја држи Бритни понастрана од наркотици и алкохол. Тој морал и да се осигури дека нејзините танчарки ќе бидат тестирани пред настап.
Некогаш е опасно да работите за Бритни Спирс
Иако не се познати сите детали, поранешен телохранител на Бритни ја судеше пејачката во 2009 година, откако се повредил додека работел за неа. Не знаеме како и колку се повредил телохранителот, но во тужбата против Бритни тој тврди дека пејачката непотребно ја загрозила неговата безбедност, па дури и го терала да продолжи да работи со повреда.
Никој не смее да изгледа подобро од неа
Не е познато колку се точни овие гласини, но извор близок до пејачката тврди дека таа барала нејзините вработени да бидат „понепривлечни од неа“. Наводно, ова најмногу важело за нејзиниот тим стилисти, како фризери и шминкери.