Луксузот кој Џеј Ло не може да го продаде 4 години (фото)
- Детали
- недела, 26 септември 2021
Додека ужива во времето поминато со Бен Афлек и близнаците, пентхаусот во Менхетен сè уште стои празен.
Џеј Ло за првпат го огласи овој луксуз во срцето на Њујорк во 2017-та година, за 26.95 милиони долари.
Не сакала да живее таму затоа што сфатила дека не е најприватниот имот кој ќе ѝ овозможи мир од папраците и јавноста.
Во 2019-та година, намалила речиси 2 милиони од цената, но сепак луксузот до ден денес стои без потенцијален купец.
Пентхаусот вклучува 4 спални соби и 11 тоалети, заедно со повеќе дневни соби и огромни тераси со добар поглед. Секако, до сето ова се стигнува со приватен лифт.
Како изгледа луксузот кој стои осамен веќе 4 години?
М. Д. | Црнобело