Викторија Бекам и уште 6 славни дами кои ги отстранија имплантите од градите
- Детали
- сабота, 21 август 2021
Памела Андерсон и Криси Тајген се само дел од познатите жени кои решија да ги отстранат имплантите од градите. Но, која е причината поради која ѕвездите се одлучуваат на овој чекор?
Многу девојки и жени прават операција за зголемување на градите, особено оние кои се дел од шоу-бизнисот.
Сепак, некои од нив се премислуваат, па по неколку години одлучуваат да ги извадат имплантите. Причини за оваа одлука има безброј – од здравствени проблеми, па сè до неудобноста што им ја предизвикувале имплантите.
Погледнете кои славни дами ги отстранија нивните импланти:
Викторија Бекам
Во 2014 година Викторија Бекам откри дека ги отстранила имплантите бидејќи не ѝ се допаѓало како изгледаат. Во 2017-та познатата дизајнерка изјави дека никогаш повеќе нема да оди под нож и доколку би можела да се врати во времето, би ѝ кажала на нејзината помлада верзија да не прави операција.
„Не ги менувајте вашите гради. Само славете го она што веќе го имате“.
Тори Спелинг
Познатата актерка прозборе за зголемувањето на градите во 2011-та, како и за желбата да ги отстрани имплантите.
„Ги зголемив градите во раните 20-ти и ако знаев дека ќе ми создаваат проблеми со мајчиното млеко, никогаш немаше да правам операција“.
Актерката ги отстрани имплантите во 2014-та.
Ешли Тисдејл
Во 2020 година Ешли отворено прозборе за одлуката да ги отстрани имплантите. Наводно, почнале да ѝ се јавуваат проблеми со здравјето, како чувствителност на храна и многу проблеми со стомакот, а сметала дека причината се имплантите.
Ешли сподели дека е пресреќна со одлуката.
Криси Тајген
Минатата година Криси Тајген сподели со јавноста дека ги отстранила имплантите бидејќи веќе ѝ здодеале.
„Беа одлични неколку години, но веќе ми здодеа. Сакам да можам да си го закопчам фустанот и удобно да лежам на стомак“.
Памела Андерсон
Иако големите гради беа најпрепознатливата карактеристика на Памела, уште во 1999 година таа изјави дека сака да ги извади имплантите и го направи тоа.
„Големите гради веќе не ми изгледаа како добра идеја. Сметав дека не изгледаа добро“.
Актерката сподели дека немала медицински проблеми со имплантите, но се појавија гласини дека можеби едниот од нив претекол.
Никол Кидман
Никол нема прозборено за одлуката да ги отстрани имплантите, но според извори блиски до неа, повеќе не сакала да има токсични материи во телото.
„Таа не сака ништо токсично во нејзиното тело. Никол беше горда на градите додека ги имаше, но сега одлучи да ги извади имплантите“.
Наводно, актерката ја направила операцијата во 2016 година.
Шерон Озборн
Во 2011 година здравјето на Шерон било загрозено токму поради нејзините импланти.
„Едно утро се разбудив и едната дојка ми беше многу поголема“.
Шерон откри дека течноста од едниот имплант протекла во нејзиниот стомак, по што веднаш ги извади.
Спирова С. | Црнобело