Се прослави со улогата во Flashdance, а не знае да танцува: Како изгледа Џенифер Билс денес?
- Детали
- сабота, 21 август 2021
Џенифер Билс (57) денес ја гледаме во повеќе ТВ серии, а ретко кој би се сетил дека тоа е истата актерка што играше во култниот филм од 80-тите Flashdance.
Откако ја одигра улогата на танчерката Алекс Овенс во 1983-тата година во филмот Flashdance, таа играше во повеќе филмови заедно со актерите Николас Кејџ и Дензел Вашинготн.
Билс исто така играше во серијата The L Word, што се емитуваше во периодот од 2004-тата до 2009-тата година, како и во The Chicago Code и Lie to Me.
Во продолжение неколку поинтересни факти за неа:
Џенифер Билс прво започнала да работи како модел на 16 години, за да обезбеди пари за колеџ. Се појавила на повеќе фотографии објавени во Vogue и Town and Country, а актерската кариера ја започнува со помала улога во филмот My Bodyguard.
Џенифер Билс ќе остане запаметена по култната улога во Flashdance каде речиси во целиот филм имавме можност да ја следиме како танцува.
Сепак, во реалноста, Џенифер воопшто не танцува. Таа била поканета да учествува во шоуто „Танц со ѕвездите“ и одбила. Тука сосема нормално се поставува прашањето кој танцува во филмот?
Комплицираните танчерски рутини во Flashdance ги изведуваат четири различни дублери, меѓу кои бил и еден маж што на себе носел перика.
Пред да започне да го снима култниот филм таа студирала на Јејл. По снимањето на филмот веднаш им се вратила на студиите, а за време на летниот одмор играла во филмот The Bride, интерпретација на филмот Bride of Frankenstein, каде игра заедно со познатиот музичар Стинг.
И покрај филмските ангажмани, Џенифер дипломирала на престижниот универзитет во 1987-мата година на Катедрата за Американска литература.
Уште една важна улога ѝ била во филмот Vampire Kiss од 1992 година, каде играла заедно со Николас Кејџ, а во 1995-тата година се појавува заедно со Дензел Вашингтон во филмот Devil in Blue Dress.
Друг интересен факт за неа е дека е родена во семејство на мајка со потекло од Ирска и татко Афроамериканец, па вели дека секогаш се чувствувала различно. Таткото го загубила на возраст од само 10 години, по што мајка ѝ се премажила.
Мајка ѝ била посветен католик, а и Џенифер е исто така религиозна, но е посветена на Будизмот. Таа во 2011-тата година имала можност да се запознае и со Далај Лама.
Во 2017-тата се појави во улогата на Кристина Харт во крими драмата Taken, што се заснова на филмската франшиза, а истата година се појави и во серијата The Last Tycoon.
Погледнете повеќе фотографии од Џенифер во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело