Хавиер Бардем (52) со запуштена брада, Пенелопе Круз (47) во топ форма – парот ужива на одмор во Италија (фото)
- Детали
- среда, 18 август 2021
Хавиер Бардем и Пенелопе Круз го поминаа скоро цело лето во Италија, а деновиве беа забележани на плажа со нивните деца. Актерката дефинитивно изгледа подобро од кога било, а Хавиер не го тргаше погледот од неа.
Изминативе неколку месеци Пенелопе Круз напорно работи на нејзиниот нов филм „L’immensita“ кој се снима во Италија, а овие неколку денови е на заслужен одмор со сопругот Хавиер Бардем.
Парот, кој е во брак од 2010 година, беше забележан на една од многуте италијански плажи како се бања и ужива во сончевиот ден, заедно со нивните деца.
47-годишната Пенелопе носеше бикини во црна и бела боја и големи сребрени обетки, а покажа дека изгледа подобро од кога било и времето дефинитивно застанало за неа. А пак, нејзиниот сопруг е забележан во сосема опуштено издание, со несредена брада и е малку поразличен од шармантниот актер кој го гледаме на црвен тепих.
Нејзиниот 52-годишен сопруг, пак, не ги тргаше очите од неа и јасно е дека тие се лудо вљубени и во 11-тата година од нивниот брак.
По пливањето, парот продолжи со уживање на плажата, заедно со нивните деца – 10-годишниот Лео и 8-годишната Луна.
Погледнете и Пенелопе Круз и Хавиер Бардем како сосема „обични“ луѓе на Сардинија (фото)
Пенелопе и Хавиер во Италија:
Спирова С. | Црнобело