Наоми Кемпбел била насилна, Ким Кардашијан не давала плата – Ѕвезди кои си „заработија“ тужби од вработените
- Детали
- недела, 15 август 2021
Иако „тежат“ по неколку милиони, изгледа на многу славни не им се даваат пари кога треба да ги платат вработените. Некои, пак, ги навредуваат своите вработени, па се дури и насилни кон нив.
Од своите вработени, без разлика дали асистенти, куќни помошници или дадилки, познатите личности секогаш бараат дискреција. Иако вработените обично го почитуваат ова, некогаш ги споделуваат бизарните работи со коишто се соочиле додека работеле за некоја ѕвезда.
Најчесто тие одлучуваат да прозборат кога биле третирани лошо, но некогаш одат и чекор подалеку и ги тужат нивните славни работодавци.
Многу славни личности си заработиле тужба од нивните вработени, а во продолжение дознајте нешто повеќе за некои од нив:
Џерард Батлер
Покрај актерската кариера, Џерард беше и косопственик на корејски ресторан во Холивуд кога си доби тужба од тамошните вработени. Покрај Џерард, ресторанот беше во сопственост на неколку познати лица во САД, а во 2011-та сите беа тужени од вработените. Наводно, на вработените не им плаќале кога работеле прекувремено, не им дозволувале да прават пауза и многу често ги прекршувале нивните работнички права.
Ким Кардашијан
Пред само два месеци, Ким Кардашијан беше тужена од послугата во нејзиниот дом бидејќи им давала многу ниска плата. Истовремено, во тужбата вработените изјавиле дека ријалити ѕвездата не им дозволувала да прават паузи.
Сепак, портпаролот на Ким изјави дека сите обвиненија против неа се неосновани. Наводно, работниците не биле лично најмени од Ким, туку од друга компанија која ги регулирала нивните плати.
„Поради ова, Ким не е воопшто одговорна за тоа како компанијата ги третирала нејзините вработени“.
Наоми Кемпбел
Изгледа Наоми има многу непријатни искуства со нејзините вработени – досега таа е обвинета за насилно однесување кон вработените дури 11 пати.
Наоми самата ја призна вината во две тужби, по што мораше да посетува професионалец за справување со гневот.
Како ова да не е доволно, Наоми има нападнато и двајца полицајци на аеродром во Лондон. Според очевидците, таа ги удрила, па дури и ги плукала бидејќи не можела да си го најде багажот.
Чарли Шин
Во 2015 година, поранешен вработен на Чарли побара над 1 милион долари од актерот поради неисплатена плата. Наводно, мажот кој бил дел од послугата на домот на Чарли имал договор за пет години, но бил отпуштен по само три месеци.
Поранешниот вработен имал цврсти докази за договорот за работа, а бил избркан без никаква причина. Притоа, не му било исплатено ништо за петте месеци што ги поминал кај Чарли.
Најпрво актерот ги демантираше обвиненијата, но неколку месеци подоцна тие го решиле спорот. Не е познато дали и колкава сума исплатил актерот.