Наоми Кемпбел била насилна, Ким Кардашијан не давала плата – Ѕвезди кои си „заработија“ тужби од вработените
Џенифер Лопез
Во 2012 година, поранешниот возач на Џеј Ло ја тужеше пејачката бидејќи таа не го почитувала нивниот договор за работа и не му ја исплатила договорената сума. Тогаш Џеј Ло го возврати ударот, па го обвини возачот дека ја уценувал – ѝ побарал 2,8 милиони долари за да не открие детали од нејзиниот приватен живот што ќе ѝ ја уништат репутацијата.
До 2013 година Џеј Ло и возачот го решија спорот, но и овојпат не непознато колкава сума била исплатена, ниту кој ја исплатил.
Шерон Стоун
Шерон е тужена двапати, и тоа од две дадилки на нејзините деца. Во тужбата, првата дадилка изјавила дека Шерон ги прекршила нејзините работнички права, но и дека ѝ дофрлувала расистички навреди поради нејзиното филипинско потекло.
Една година подоцна, Шерон доби тужба од друга дадилка, според која актерката ја избркала од работа без причина.
Крис Браун
По скандалот со Ријана, на јавноста ѝ стана јасно дека Крис Браун е насилна личност, но тужбата што ја добил речиси и да нема врска со него.
Во 2020 година, една од куќните помошнички на раперот поднела тужба во која тврдела дека била нападната од едно неговите кучиња. Наводно, кучето ѝ нанело повреди на лицето и рацете, а нападот оставил и психички последици.
Според изворите, по немилиот настан раперот наредил кучето да биде отстрането од неговиот имот.
Мараја Кери
Вработените на Мараја ретко имаат добри зборови за неа, а еден од нив реши и да ја тужи.
Поранешната дадилка на пејачката во 2019-та поднела тужба според која Мараја не ѝ плаќала кога работела прекувремено. Истовремено, дадилката тврди дека била вознемирувана и добивала закани од телохранителите на Мараја.
Пејачката одбива да ја прифати вината, па ова е спор што трае уште.
Спирова С. | Црнобело