10 прекрасни, славни жени кои не се плашат од природно стареење
- Детали
- недела, 15 јануари 2023
Порано или подоцна, сите ќе се сретнеме со староста - и покрај многуте пластични лица, некои познати дами ова полесно го прифаќаат и одлучуваат достоинствено да се препуштат на природата.
Додека некои се подготвени на апсолутно сè како би го одложиле тоа сретнување со староста, други не се плашат од брчките и сфаќаат дека секој е убав, независно дали ги има помалку или повеќе.
Како славни жени кои се горди на својот изглед, но и својата самодоверба, дефинитивно би ги издвоиле:
Кејт Бланшет, 53 години
„Знам дека брчките стануваат подлабоки секојпат кога се смеам, но не паничам поради тоа. Што ќе ми е лице кое не го одразува мојот живот, лице кое нема смисла за хумор?“
Мерил Стрип, 73 години
„Мој совет: не губете толку време на грижите дали кожата ви е совршена и дали сте се здебелиле некое кило. Замислете сè што сте направиле во животот, што сте постигнале.“
Џулија Робертс, 55 години
„Лицето треба да зборува за вас, а не за вашите посети на лекар.“
Џуди Фостер, 60 години
„Подобро да бидеш жена со брчки, отколку да бидеш жена на која веднаш се гледа дека се срами од своите брчки.“
Џулиен Мур, 62 години
„Не се обидувам да ја задржам младоста. Постојат само одредени правила, може да се каже правила за убавина, до кои се придржувам.
Мојата мајка секогаш велеше дека треба да се користи крема за сончање. Порано не слушав, но сега тоа е моето оружје.“