Шарлиз Терон (45) е природна убавица на јахта во Грција – одмара од гламурозниот изглед (фото)

Шарлиз Терон на 45 години изгледа гламурозно на црвениот тепих, но совршена е и во бикини, во природно издание без Фотошоп, а за тоа се доказ фотките од нејзиниот одмор во Грција.

sharliz-teron-45-e-prirodna-ubavica-na-jahta-vo-grcija-odmara-od-glamurozniot-izgled-foto-01.jpg

Таа одлучи да одмори од гламурот во Холивуд, а беше уловена од папараци додека уживаше на јахта во Грција. Таа заедно со двете ќерки во моментов е на одмор на островот Парос во Грција.

sharliz-teron-45-e-prirodna-ubavica-na-jahta-vo-grcija-odmara-od-glamurozniot-izgled-foto-02.jpg

Актерката (45) го покажа виткото тело во црно бикини, а иако носеше црни очила сепак не успеа да им се скрие на фотографите. На јахтата заедно со оскаровката можеа да се забележат и нејзините две посвоени ќерки Џексон (9) и Август (5).

На јахтата имало уште тројца мажи, како и мајката на актерката Герда Мариц. 

sharliz-teron-45-e-prirodna-ubavica-na-jahta-vo-grcija-odmara-od-glamurozniot-izgled-foto-03.jpg

Таа објави и кратко видео на Инстаграм на кое се гледа како со ќерките скокаат од јахтата напиша: „Јас и моите девојчиња за цел живот“

Што се однесува до љубовните , Терон минатата година изјави дека не се гледала со никого во последните пет години. Како што кажа, била на неколку состаноци, но не била во врска со никого. Напомена дека не ѝ се брза да биде во врска со некого и дека ужива во мајчинството.

„Не ми недостига тоа премногу. Можам искрено да го кажам ова: Не се чувствувам осамено“ – рече таа минатата година кога гостуваше во шоуто на Дру Баримор.

По сè изгледа таа е уште сингл и среќна. За неа, по раскинувањето на врската со Шон Пен досега немало информации дека се гледа со некого.

sharliz-teron-45-e-prirodna-ubavica-na-jahta-vo-grcija-odmara-od-glamurozniot-izgled-foto-04.jpg

Таа и Пен беа во врска од крајот на 2013-тата година до летото 2015-тата година, но како што претходно изјави, знаела дека таа врска нема да заврши со брак.

Повеќе фотографии од одморот на Шарлиз во Грција во галеријата:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Љубовни триаголници: Како пријателите во Холивуд си ги „крадат“ партнерите? По разводот со Том Круз, Кејти Холмс почна врска со Џејми Фокс кој му беше добар...
Се избори за ќерката да биде скромна девојка, 12 години ѝ беше и мајка и татко – Како Кејти Холмс до... Во изминативе 12 години додека Том Круз никогаш не ја спомнал ќерката Сури, на К...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Анџелина Џоли разочарана: Биолошката ќерка ѝ го сврте грбот – ќе се сели кај татко ѝ Шајло Џоли Пит во мај годинава ќе наполни 18 години, а планира да се пресели кај...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg