Заводникот од „Prison Break“: „На 48 години ми дијагностицираа аутизам, бев шокиран, но не бев изненаден“

Заводникот од хит-серијалот Prison Break, Вентворт Милер, откри дека има аутизам кој му го дијагностицирале во петтата деценија од животот. Тој деновиве објави бел правоаголник на социјалните мрежи и во подолг опис појасни што сè му се случувало во последната година.

Zavodnikot-od-Prison-break-otkri-deka-na-48-godini-mu-otkrile-autizam-Bev-shokiran-no-ne-bev-iznenaden-01.jpg

Актерот ги освои женските срца со улогата на Мајк Скофилд во популаранта серија „Бегство од затвор“, а сега ги изненади фановите со својата искрена исповед. 

Во Инстаграм објава, Вентворт Милер раскажа за неговата дијагноза:

„Како и кај сите други, животот во карантин ми одзема важни работи. Но во тишината/изолацијата, најдов неочекувани подароци.
Оваа есен ќе се означи една година како ја добив неформалната дијагноза за аутизам. Таа дијагноза следеше по само-дијагнозата, а беше проследена и со формална дијагноза.

Тоа беше долг, тежок процес што треба да биде променет. Јас сум средовечен човек, не сум 5-годишно дете. И да јасно ми е дека пристапот до дијагноза не е нешто што сите имаат привилегија да го добијат. Да кажеме само дека бев шокиран, но не и изненаден“ – напиша тој.

Zavodnikot-od-Prison-break-otkri-deka-na-48-godini-mu-otkrile-autizam-Bev-shokiran-no-ne-bev-iznenaden-02.jpg

За оние што не знаат, Милер освен што е успешен актер, тој дипломирал и на престижниот универзитет Принстон, а вели дека по дијагнозата ќе треба да ги преиспита сопствените 5 децении живот низ поинакво светло.

https://www.instagram.com/p/CRwTO_6MHr9/?utm_source=ig_web_copy_link

„Тоа не е нешто што сакам да го променам. Не, сфаќам дека тоа што имам аутизам е дел од мене, од сè што сум постигнал и што сум покажал. И на оние многу (многу) луѓе што свесно или несвесно ми попуштаа и ми даваа простор низ годините, ми помогнаа да се движам низ животот на начин што за мене беше сфатлив иако за нив не беше – сакам да се заблагодарам.

А за оние што направија поинаков избор... па добро... Луѓето самите се разоткриваат. Тоа е уште еден подарок“ – заврши Милер.

Zavodnikot-od-Prison-break-otkri-deka-na-48-godini-mu-otkrile-autizam-Bev-shokiran-no-ne-bev-iznenaden-04.jpg

Милер, претходно уште во 2013-тата година откри дека е хомосексуалец, а беше отворен и за сопствените проблеми со менталното здравје и обидот за самоубиство како тинејџер, поради тоа што често бил мета на врсничко насилство додека растел, но и не можел да ги поднесе притисоците од она што постојано се очекувало од него: соодветно однесување, држење на раката додека пишува на определен начин, соодветно држење на телото итн.

Zavodnikot-od-Prison-break-otkri-deka-na-48-godini-mu-otkrile-autizam-Bev-shokiran-no-ne-bev-iznenaden-03.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Џени Гарт за „борбата“ со менопаузата: „Телото ме издава, страдам физички и ментално“ На Кели од „Беверли Хилс“ на 45 години ѝ беше дијагностициран остеоартритис...
Шенон Доерти се подготвува за смртта: „Ги продавам сите материјални работи“ „Сега приоритет ми е мајка ми. Знам дека ќе ѝ биде тешко кога ќе умрам пред неа,...
Меган Фокс откри дека имала спонтан абортус со бебето на Машин Ган Кели: „Се прашував - Зошто ми се ... „Ни беше многу тешко и на двајцата и тоа нè одведе во еден сосема поинаков праве...
Познати жени кои биле жртви на семејно насилство (и отворено зборуваа за тоа) Сигурно се сеќавате на потресните фотографии од Ријана на кои пејачката е со мод...
Мадона на велосипед ја покажа набраната кожа на вратот, Шон Мендез шета по влечки: Фото-докази дека ... Бен Афлек беше насмеан и видно расположен со поранешната сопруга Џенифер Гарнер,...
Остана без работа поради користењето дрога, не ѝ дозволувале да јаде: Тажни детали од животот на Кеј... По бурната врска со Џони Деп, за да го преболи, Кејт Мос се вплетка во љубовен т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg