Анџелина Џоли е кул мајка со децата во Париз, среде скандалот со посвојувањето на синот Медокс
- Детали
- петок, 23 јули 2021
Џоли вели: „Никогаш не би украла дете на некоја мајка. Можам само да замислам колку е болно и ужасно тоа“, но испитувањата околу легалноста на процесот на посвојување на нејзиниот син Медокс од Камбоџа продолжуваат, додека таа ужива во Париз.
Анџелина Џоли ужива на семејно патување во Париз со 4 од нејзините 6 деца.
46-годишната актерка беше фотографирана на вечера и прошетки низ градот со синот Пакс (17), ќерките Захара (16) и Шајло (15), како и синот Нокс (13). Децата се пораснати, а Захара е во највпечатливи изданија со долги фустани, секогаш покрај мајка си.
Во едно издание Џоли се одлучи за монохроматски црн стајлинг, а во другите направи модни погодоци со крем тонови.
Инаку, 19 години откако Анџелина го посвои синот Медокс од Камбоџа се појави скандал околу легалноста на посвојувањето, а ќе се снима и докоментарен филм за неетичките процеси при посвојувањата во Камбоџа. Насолвот на документарецот ќе биде „The Stolen Children“ (Украдените деца).
Џоли го посвои Медокс во 2002 година, a сега осамна информацијата дека не е 100% сигурно дека Медокс бил сираче, односно дека двајцата неговите родители биле починати, додека Џоли тврди дека добро го проверила тоа пред посвојувањето и дека двајцата биле починати.
Инаку, Медокс бил оставен во сиропиталиште во Камбоџа, како и многу други деца чии родители не можеле да си дозволат да се грижат за нив поради финансиски причини.
Џоли во една пригода изјави: „Никогаш не би украла дете на некоја мајка. Можам само да замислам колку е болно и ужасно тоа.“
Ќе се води понатамношно испитување околу агенцијата која посредувала при посвојувањето и околу тоа дали имало лажирање на документи. Џоли вели дека не знае ништо за какви било нелегални дела и дека не постојат докази дека Медокс не бил сираче.
Фотки од актерката со децата во Париз:
С. С. | Црнобело