Сара Џесика Паркер (56), стилската икона од „Сексот и градот“, ја нормализира седата коса (фото)
- Детали
- понеделник, 19 јули 2021
Стилската икона уживаше во опуштено издание додека беше излезена на ручек со пријателите. Ако се суди по нејзиниот изглед, таа има нова цел, а тоа е да ја нормализира седата коса.
Во минатото сите маки мачеа со седите влакна и сакаа да ги скријат, но голем број познати актерки во последно време покажуваат дека седата коса е нешто што треба да се нормализира.
Меѓу оние што одлучија да не ја покриваат седата коса е и стилската икона од „Сексот и градот“, Сара Џесика Паркер.
Во моментов таа работи на продолжението на филмот „Сексот и градот“, но во неделата реши да одмори и да се види со нејзиниот пријател Енди Коен во Њујорк.
Додека сите светски магазини пишуваат за тоа како таа сè уште и во новото издание на филмот успева на сите да ни одржи вистинска лекција по стил, фотографите ја забележаа актерката (56) во опуштено издание со сина маица без ракави.
Но, она што сите го забележуваат е нејзината седа коса. Иако во повеќе наврати се коментира за тоа дека таа не ги покрива седите влакна, овојпат, таа одлучи косата да ја собере во едноставно опавче со плетенка.
Инаку, во текот на минатата недела веќе се појавија фотографии од неа и нејзините колешки Синтија Никсон (Миранда) и Кристин Дејвис (Шарлот) од снимањето на новото продолжение на филмот, на кои можеше да се забележи дека годините не им се пречка за да ја диктираат модата и да ни одржат нова лекција за урбаниот стил на облекување.
Во новото продолжение ќе недостига четвртата „девојка“, Саманта. Актерката која го толкува нејзиниот лик, Ким Катрал, претходно изјави дека нема намера да се врати во франшизата и тоа поради голема кавга со Сара Џесика Паркер.
Што се однесува до новите содржини, веќе протекоа информации од оригиналното сценарио, па најверојатно во новото продолжение ќе бидеме сведоци на разводот меѓу Кери и Ѕверка.
Уште неколку фотографии во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело