Кетрин Зита-Џонс (51) во топ форма на Ибица, но и таа мака мачи со целулитот (фото)
- Детали
- вторник, 13 јули 2021
Кетрин Зита-Џонс ги минува летните денови во Мајорка со сопругот Мајкл Даглас, а на најновите фотки од еднодневното патување до Ибица се гледа дека актерката е во топ форма на 51 година, а и гордо го покажува нејзиниот целулит.
51-годишната актерка беше фотографирана на јахта и како плива покрај неа. Иако сме навкнати да ја гледаме во погламурозни изданија, на одморот ја гледаме во сосема природно издание.
Иако горниот дел од телото ѝ е покриен, се гледа дека и на 51 година, Кетрин Зита-Џонс изгледа беспрекорно. Таа отсекогаш ја негувала својата природна убавина, па гордо си го носи и целулитот на нозете со кој мака мачи како и секоја „обична“ жена.
Актерката сподели и видео на Инстаграм од пливањето.
„Кога сте си ја измиле косата, но сте очајни за капење – пливате вака. Всушност можам да пливам многу подобро од ова, како Мајкл Фелпс, ова не е мојата најдобра форма“, пишува во описот.
Актерката го покажа совршеното тело на друго видео, снимено на јахтата, каде што вежба јога. Со црн костим за капење, Кетрин покажа дека навистина е во одлична форма.
Претходно Кетрин сподели и неколку фотки со нејзиниот сакан – 76-годишниот Мајкл Даглас.
Наводно, Мајкл и Кетрин ќе го поминат поголемиот дел од летото во нивниот дом во Мајорка, Шпанија, а „авантурата“ до Ибица била еднодневно патување.
Спирова С. | Црнобело