По разрешницата за смртта на Коби и Џиџи Брајант, најстарата ќерка Наталија не се двои од сестричките
- Детали
- среда, 07 јули 2021
Неполн месец откако направи спогодба со компанијата која го поседува хеликоптерот во којшто загина Коби Брајант, Ванеса најде време за семејството и ги однесе ќерките во Дизниленд. Во меѓувреме, уште го тужи шерифот кој направил фотографии од местото на несреќата.
Ванеса Брајант сподели неколку фотки и видеа од семејното патување во Дизниленд со ќерките Наталија, Капри и Бјанка. Со нив беше и внукот на 39-годишната Ванеса – Кристијан Гонзалес.
https://www.instagram.com/p/CQ-dYNpDZqv/
https://www.instagram.com/p/CQ-eif-DDNL/
Од фотките се гледа дека 18-годишната Наталија сериозно си ја сфаќа улогата на „поголема сестра“ и постојано е покрај нејзините помали сестрички, се грижи за нив и ужива во заеднички моменти.
https://www.instagram.com/p/CQ-c_Dcjrxg/
Семејството останало и за спектакуларните огномети кои се препознатливи за забавниот парк, а Ванеса сподели неколку видеа од настанот.
https://www.instagram.com/p/CQ_dNbojY8u/
https://www.instagram.com/p/CQ-fEumjKCQ/
Семејното патување до Дизниленд е неполн месец откако Ванеса направи спогодба со компанијата во чиј хеликоптер загинаa Коби Брајант и ќерката. На 26-ти јануари минатата година, Коби и ќерка му Џиана, заедно со уште седум патници, загинаа откако се сруши нивниот хеликоптер.
https://www.instagram.com/p/CQ-eseNj8te/
Хеликоптерот е на компанијата Island Express, а кратко по трагичниот настан, Ванеса поднесе тужба против нив. Во тужбата, Ванеса нагласува дека леталото не требало да добие дозвола за летање и дека токму тоа е причината за несреќата. Истовремено, таа го обвинува и пилотот, тврдејќи дека не ги зел предвид временските услови и не го откажал летот.
Во тужбата, која беше поднесена во февруари 2020-та, Ванеса не нагласува каква и колкава оштета сака, но бара одговорните лица да бидат казнети.
Сега, повеќе од една година подоцна, Ванеса направи спогодба со компанијата, со тоа повлекувајќи ја тужбата. Според TMZ, не се познати никакви детали за спогодбата, односно што ќе добие Ванеса од компанијата.
Иако веројатно овој случај е решен, Ванеса поднесе и друга тужба - против шерифите кои ги фотографирале Коби и другите жртви со нивните приватни телефони на местото на несреќата.
Наводно, еден од шерифите почнал да ѝ ги покажува фотографиите на некоја жена во бар, а бил забележан од барменот кој веднаш го пријавил кај надредените. Според тужбата на Ванеса, шерифот лажел дека ги избришал фотографиите, како и дека семејствата на Коби и жртвите дознале за ова од медиумите.
Ванеса постојано стравувала дека шерифот ги нема избришано фотографиите и дека кога-тогаш ќе ги објави:
„Госпоѓа Брајант се згрозува од помислата дека странци ќе гледаат фотографии од нејзините починати сопруг и ќерка, и постојано се плаши дека таа или нејзините деца еден ден ќе налетаат на ужасните фотографии од нивните сакани онлајн“, стои во службата, според TMZ.
Спирова С. | Црнобело