Ѕвезди кои после долго криење, си ги признаа пластичните операции
- Детали
- недела, 11 јули 2021
Иако секојдневно се мета на споредби, критики и претпоставки за нивните корекции, дел од ѕвездите со години ги негираат истите.
Сепак, на овие славни жени им се смачи да ја лажат јавноста:
Пријанка Чопра
На почетокот од кариерата, наводно од здравствени причини, Пријанка Чопра морала да направи корекција на носот. Како што тврди, не ѝ се допаднал резултатот, но полека се навикнала на глетката во огледалото.
Кејли Куоко
„Имав операција на носот и градите – и тоа е најдобрата работа која ја направив.“
Карди Би
Карди Би призна дека кога имала 21 година и заработувала како стриптиз девојка, плаќала 800 долари за инјекции за зголемување на задникот. Процедурата ја правела тајно, во подрум во Њујорк.
Кајли Џенер
Кајли сега за сега призна дека на 15 години си ги зголемила усните за првпат. Иако се шпекулира за уште десетици операции и корекции, ова е единствениот зафат кој го признава.
Иги Азалеа
После корекциите на носот и градите, јавно се заблагодари на пластичниот хирург за работата.
Клои Кардашијан
„Дали имам импланти? Дали сум ги зголемила градите? Дали сум го стеснила струкот? Ја признавам само корекцијата на носот, останатото е делириум.“
М. Д. | Црнобело