„Секогаш си тука за мене“ – Тристан ѝ го честиташе роденден на Клои по гласините за ново неверство

„Ти благодарам за тоа што секогаш си била тука за мене и за тоа што секогаш го ставаш нашето семејство на прво место. Те сакам најмногу“ – ѝ порача меѓу другото Тристан Томпсон на својата девојка Клои Кардашијан на Инстаграм.

Tristan-Tompson-do-Kloi-Kardashijan-Ti-sekogash-go-stavash-nasheto-semejstvo-na-prvo-mesto-te-sakam-najmnogu-01.jpg

Тристан Томпсон со порака на Инстаграм ја искажа својата љубов за девојката и мајка на неговото дете Клои Кардашијан.

Пораката што беше објавена по повод 37-иот роденден на Клои на неговиот Инстаграм профил ги збуни следбениците, откако претходно се појавија информации дека тие дефинитивно ставија крај на врската.

„Среќен роденден Клои. Ти благодарам за тоа што си прекрасен партнер, мајка и најдобар пријател и за тоа што си најљубезниот, грижлив и најпрекрасен човек што сум го сретнал. Твојата љубов и дух се заразни за сите што те сретнале. Ти благодарам за тоа што секогаш си била тука за мене и за тоа што секогаш го ставаш нашето семејство на прво место. Те сакам најмногу. Имај прекрасен ден“ – напиша Томпсон до фотографиите што ги објави.

За оваа прилика тој одлучи да објави три фотографии: едната од неговиот 30-ти роденден, една фотографија каде тие се во опуштено издание и една заедничка со нивната 3-годишна ќерка Тру.

209067728_338630220972484_7379308923481573641_n.jpg

Пораката е објавена една недела откако претходно имаше гласини дека двојката дефинитивно ставила крај на врската иако тоа не е официјално потврдено од страна на Клои (36) и Тристан (30).

Како причина за раскинувањето се наведуваа бројните неверства на НБА играчот. Според пишувањата во светските медиуми, наводно Тристан повторно бил забележан како влегува во соба заедно со уште три девојки на забава во Лос Анџелес.

Tristan-Tompson-do-Kloi-Kardashijan-Ti-sekogash-go-stavash-nasheto-semejstvo-na-prvo-mesto-te-sakam-najmnogu-02.jpg

Овие информации веднаш беа негирани од страна на Тристан, а според други извори, Клои и Тристан се разделени веќе неколку недели наназад, односно тие ставиле крај на врската, откако претходно 23-годишната Инстаграм инфлуенсерка Сидни Чејс тврдеше дека НБА играчот ја изневерил својата девојка со неа.

Инаку, Клои и Тристан беа заедно од 2016-тата година, а во 2018-тата станаа родители на Тру. Тие се разделија во 2019-тата година, откако Тристан беше забележан како се бакнува со најдобрата другарка на Кајли Џенер, Џордин Вудс за време на забава во неговиот дом.

Сепак Клои и Тристан беа во добри односи, заедно ги прославија двата родендени на нивната ќерка, за минатата есен да најават дека се повторно заедно.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Милионерот Џанлука Ваки ја изненади свршеницата за роденденот - Бели рози на полноќ за саканата „Кога двајца луѓе првпат ќе се сретнат, тие се избираат еден со друг во првите 3...
Шенон Доерти се подготвува за смртта: „Ги продавам сите материјални работи“ „Сега приоритет ми е мајка ми. Знам дека ќе ѝ биде тешко кога ќе умрам пред неа,...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
Најконтроверзните врски на Кардашијанс - Продуцент на филмови за возрасни, зависник од дрога Бракот на Ким кој траеше 72 дена, како и врската на Кортни Кардашијан со основач...
Бизарно: Ламар Одом, бившиот на Клои Кардашијан, купил кукла за возрасни со нејзиниот лик – јавноста... „Ламар има сериозен проблем, изгубен е“, гласи една од многуте критики упатени к...
7 познати парови кои се венчаа откако раскинаа Бен Афлек и Џеј Ло беа свршени во раните 2000-ти, раскинаа, а се смирија и венча...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg