Дуа Липа и Анвар Хадид и уште 5 познати парови кои се запознале онлајн – доказ дека љубовта на интернет може да биде вистинска (фото)

Во денешно време, кога поголемиот дел од нашите животи се одвиваат на интернет, наоѓањето на партнер со помош на апликации и социјални мрежи не треба да нè изненадува.

Poznati-parovi-koi-se-zapoznale-onlajn-01.jpg

На крајот од денот, и славните се луѓе исто како и ние. А голем дел од нив ја најдоа својата сродна душа на интернет со едноставни директни пораки во инбокс.

Можеби овие 6 славни парови ќе ве инспирираат да го направите тој чекор:

Пријанка Чопра и Ник Џонас

Љубовната приказна на оваа среќна брачна двојка започнала кога славниот музичар ѝ испратил директна порака на убавата актерка на Твитер: „Неколку заеднички пријатели ми рекоа дека треба да се сретнеме“, напишал Ник.

„Мојот тим може да го прочита ова. Зошто не ми пратиш приватна порака?“, одговорила Пријанка испраќајќи му го нејзиниот број. Само два месеца откако официјално започнале да излегуваат, Ник ја запроси Пријанка.

Poznati-parovi-koi-se-zapoznale-onlajn (6).jpg

Џо Џонас и Софи Тарнер

Слично како и неговиот брат Ник, и Џо ѝ се обратил на жената од неговиот живот, Софи Тарнер, преку директна порака.

„Имавме многу заеднички пријатели кои долго време се обидуваа да нè запознаат. Се следевме на Инстаграм и одеднаш тој ми испрати порака“, открила Софи. После неколку недели преписка, тие се сретнале во Лондон, а останатото е историја.

Poznati-parovi-koi-se-zapoznale-onlajn (3).jpg

Сара Хајланд и Велс Адамс

Славната актерка која ги освои гледачите со улогата во „Modern Family“, твитнала за Велс, додека го гледала реалното шоу „Bachelorette“. На тој начин започнал нивниот онлајн флерт, кој покрај твитовите, вклучувал и директни пораки на Инстаграм како и говорни пораки пред првиот состанок. Но, очигледно е дека двајцата ја пронајдоа својата сродна душа.

Poznati-parovi-koi-se-zapoznale-onlajn (2).jpg

Сара Полсон и Холанд Тејлор

Се запознале во далечната 2005 година на една забава, но бидејќи во тоа време и двете биле во врски, поминала една деценија пред да ја започнат нивната романса. Во 2015 година, Тејлор Холанд испратила директна порака до Сара на Твитер и така започнало сè. Иако нивната љубов изненади многумина, особено поради разликата во годините, актерките се среќни заедно.

Poznati-parovi-koi-se-zapoznale-onlajn (4).jpg

Менди Мур и Тејлор Голдсмит

Актерката на радио слушнала песна што ѝ се допаднала, а на својот Инстаграм профил објавила слика од албумот. Иако не го обележала името на групата Dawes, нивниот фронтмен Тејлор ја исконтактирал веднаш штом ја видел нејзината објава. Двајцата почнале да се допишуваат, а сега се во брак.

Poznati-parovi-koi-se-zapoznale-onlajn (1).jpg

Дуа Липа и Анвар Хадид

Дуа Липа и помладиот брат на славните сестри Хадид за првпат се запознале на пикник со скара. По средбата, славната пејачка прва го исконтактирала Анвар со порака на Инстаграм, што се покажало клучно за развојот на нивната врска, која трае и денес.

Poznati-parovi-koi-se-zapoznale-onlajn (5).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Познати личности од раните 2000-ти кои заборавивме дека постојат Се сеќавате на Тејлор Лотнер кој го глумеше Џејкоб во серијалот Twilight? Се ...
„Никогаш во животот не би ѝ дал втора шанса“ – Првиот сопруг на Џеј Ло раскажува каков бил бракот со... Вели дека имал можност да види преку ноќ како Џеј Ло се променила и почнала да с...
Сите „одмазднички“ песни на Тејлор Свифт - Кои беа нејзините дечковци и кои песни им ги посвети? Се чини дека од секоја пропадната врска на Тејлор излегува по една позната „одма...
Никој не е совршен: Ќерката на Хајди Клум мачи мака со акните, а е меѓу најбараните млади модели Лени, ќерката на Хајди Клум, објави фотографија без шминка и покажа дека иако е ...
Првата сопруга на Принц: Ја посвои на 16 години, на 19 ѝ ја одзеде невиноста, смртта на синот им го ... Кога првата сопруга на Принц имала 16 години, тој станал нејзин законски старате...
Николас Кејџ никогаш посреќен со 31 годинa помладата сопруга + детали за 4-те пропаднати бракови на ... Иако е во брак со 31 година помлада жена, ова не е најскандалозниот брак на Нико...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg