Џеј Ло едвај чека да ги запознае децата со Бен Афлек - што мислат тие за новата врска и разделбата со Алекс?

Изгледа Џеј Ло е пресреќна што ѝ дадоа нова шанса на врската со Бен Афлек, но за неа најважни се нејзините деца. Бидејќи близнаците тешко ја поднесоа разделбата со Алекс, пејачката не брза да ги запознае со Бен, но наводно едвај чека да се случи тоа.

dzhej-lo-edvaj-cheka-da-gi-zapoznae-decata-so-ben-aflek-shto-mislat-tie-za-novata-vrska-i-razdelbata-so-aleks-1.jpg

Деновиве Џеј Ло и Бен Афлек се најинтересниот пар од светот на славните, најмногу бидејќи ѝ дадоа нова шанса на врската цели 17 години подоцна. Но сепак, пред сè, познатата пејачка е мајка, па најважно ѝ е времето поминато со нејзините деца.

Само неколку денови по папарацо фотките од Џеј Ло и нејзината нова љубов, пејачката сподели неколку фотографии со нејзините 13-годишни близнаци Еме и Макс, кои ги доби со Марк Ентони.

dzhej-lo-konechno-najde-vreme-za-svoite-deca-shto-mislat-tie-za-nejzinata-nova-ljubov-i-razdelbata-so-aleks-02.jpg

Едната фотографија е селфи со синчето Макс, направено во приватен авион, а на втората се гледаат Џеј Ло и ќерката Еме со широки насмевки на лицето. На третата фотка, близнаците се „стуткани“ под ќебе.

dzhej-lo-konechno-najde-vreme-za-svoite-deca-shto-mislat-tie-za-nejzinata-nova-ljubov-i-razdelbata-so-aleks-03.jpg

dzhej-lo-konechno-najde-vreme-za-svoite-deca-shto-mislat-tie-za-nejzinata-nova-ljubov-i-razdelbata-so-aleks-04.jpg

Иако пејачката и актерот уште се немаат огласено за нивната романса, извори блиски до парот велат дека Џеј Ло сака нејзините деца да го запознаат Бен.

„Џен не брза веднаш да им го претстави новиот сакан на децата. Па, ова можеби ќе се одвива бавно, но кога-тогаш сака нејзините деца да го запознаат Бен“, тврди изворот на Us Weekly.

Според изворите, Макс и Еме тешко ја претрпеле нејзината разделба со Алекс, па веројатно затоа сака нештата да се одвиваат побавно.

„Џенифер е возбудена за средбата на Бен и нејзините деца, многу е горда на нив. Но, им дозволува тие да го одредат темпото. Како мајка, ќе почека кога тие ќе бидат подготвени. Засега е фокусирана на тоа да ја обнови врската со Бен и да ужива во миговите со него“, вели еден извор за Hollywood Life.

dzhej-lo-edvaj-cheka-da-gi-zapoznae-decata-so-ben-aflek-shto-mislat-tie-za-novata-vrska-i-razdelbata-so-aleks-06.jpg

„Таа сака да се осигури дека ќе ги земе предвид и децата. Тие се нејзиниот приоритет. Таа има 51 година и отсекогаш ѝ била важна хемијата во врската. Се прашува дали повторно може да ја почувствува таа искра. Сега смета дека е позрела од последниот пат кога беа заедно со Бен“, тврди друг извор близок до пејачката за Page Six.

Добро познат факт е дека децата на Џеј Ло имаа одличен однос со нејзиниот бивш вереник Алек Родригез. Токму поради ова, кога во медиумите почна да се пишува за раскинувањето на свршувачката, децата на Џеј Ло, но и на Алекс, биле разочарани и постојано плачеле.

Наводно, тие биле шокирани од она што го гледале во медиумите бидејќи Алекс и пејачката немале ни време да ги подготват за она што следува.

„Имаше многу солзи. Ноќта кога се појавија првите гласини во медиумите, целото семејство имаше долг и емотивен разговор. Овој разговор им разјасни дека децата се најголемата причина за нивната одлука да се обидат да ја спасат врската“, изјави извор за TMZ.

dzhej-lo-edvaj-cheka-da-gi-zapoznae-decata-so-ben-aflek-shto-mislat-tie-za-novata-vrska-i-razdelbata-so-aleks-07.jpg

И Бен Афлек е родител, а наводно, иако е пресреќен за романсата со Џеј Ло, и за него приоритет се децата. Актерот има две ќерки – 12-годишната Серафина и 15-годишната Вајолет – и 9-годишниот син Самуел.

Кратко по средбата со Џеј Ло, актерот беше забележан на прошетка со двете помали деца. Според изворите, периодов тој минува што е можно повеќе време со сите три деца.

dzhej-lo-edvaj-cheka-da-gi-zapoznae-decata-so-ben-aflek-shto-mislat-tie-za-novata-vrska-i-razdelbata-so-aleks-04.jpg

dzhej-lo-edvaj-cheka-da-gi-zapoznae-decata-so-ben-aflek-shto-mislat-tie-za-novata-vrska-i-razdelbata-so-aleks-05.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Никогаш во животот не би ѝ дал втора шанса“ – Првиот сопруг на Џеј Ло раскажува каков бил бракот со... Вели дека имал можност да види преку ноќ како Џеј Ло се променила и почнала да с...
Шон Пен ја држел Мадона врзана со часови: Холивудски скандали кои поминаа незабележано Знаевте ли дека во 2015-та, во базенот на Деми Мур било најдено мртво тело на 21...
Џеј Ло и Бен Афлек отидоа на ручек среде развод - тој повторно е напнат и несреќен (фото) Средбата на Бен Афлек и Џенифер Лопез со децата, среде бракоразводна постапка, г...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
Џеј Ло прави селфи фотки со задникот во преден план – на одмор во Италија без Бен Афлек, среде гласи... Во бел костим за капење и големи очила за сонце, Џеј Ло си направи фотосесија на...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg