Ѕвезди кои го прекршија дрес-кодот и уживаа во тоа

Дрес-кодот за елитните настани и награди е прилично едноставен – класично одело и раскошен фустан. Сепак, некои од ѕвездите одбиваат да го следат ова правило.

dzvezdi-koi-go-prekrshija-dres-kodot-i-uzhivaa-vo-toa-001.jpg

Ова се неколку такви кои уживаа додека ги кршеа сите протоколи на црвениот тепих:

Вуди Харлисон

На филмска премиера актерот се појави во пижами и само по чорапи.

dzvezdi-koi-go-prekrshija-dres-kodot-i-uzhivaa-vo-toa-01.jpg

Кендал Џенер

На црвениот тепих на Канскиот Филмски Фестивал, Кендал Џенер реши дека е добра идеја да износи тексас шорцеви и да ги искомбинира со раскошен топ и скап накит.

dzvezdi-koi-go-prekrshija-dres-kodot-i-uzhivaa-vo-toa-02.jpg

Кејт Мидлтон

Иако од неа се очекува да ги следи сите правила, сепак војвотката во 2018-та година на BAFTA наградите се појави во темно зелен фустан, додека дрес-кодот гласел „целосно црно.“

dzvezdi-koi-go-prekrshija-dres-kodot-i-uzhivaa-vo-toa-03.jpg

Џулија Робертс

Долгиот фустан го сокри фактот дека Џулија Робертс на Канскиот Филмски Фестивал во 2016-та дојде боса. Но, скалите го открија кршењето на правилото.

dzvezdi-koi-go-prekrshija-dres-kodot-i-uzhivaa-vo-toa-04.jpg

Шерон Стоун

На Оскарите во 1996-та година, додека сите носеле гламурозни тоалети, Шерон Стоун се појавила во едноставна ролка со кратки ракави која чинела 21 долар.

dzvezdi-koi-go-prekrshija-dres-kodot-i-uzhivaa-vo-toa-05.jpg

Езра Милер

Не сме сигурни дали временските налагале така или не, Езра се појави на црвениот тепих по долга монтка во облик на фустан.

dzvezdi-koi-go-prekrshija-dres-kodot-i-uzhivaa-vo-toa-06.jpg

Серена Вилијамс

Иако ја испочитувала темата и облекла скапа Versace креација, Серена за Met Gala во 2019-та реши дека раскошот ќе го искомбинира со Nike патики во иста боја како фустанот.

dzvezdi-koi-go-prekrshija-dres-kodot-i-uzhivaa-vo-toa-07.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Аријана Гранде како замотана во јорган – Најдобро и најлошо облечени ѕвезди на Оскари 2024 (фото) Марго Роби ги замени розовите „Барби“ тоалети за црн провокативен фустан, а Ариј...
Шерон Стоун: „Ме тераа да имам секс со Били Болдвин приватно за да глумиме подобро во филм“ „Дали Шерон Стоун сè уште е вљубена во мене или сè уште ја боли тоа што ја одбив...
Тврди дека 9 години немал секс, се чува за вистинската – Помалку познати факти за Лени Кравиц Потекнува од семејство на познати родители, но на почетокот на кариерата морал д...
Му рекле дека умира од рак, се ожени за 38 години помлада жена – Каде е и што прави денес Долф Лундг... Во 2021-ва година му рекле дека има само уште неколку години живот, но благодаре...
8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
14 најубави парови кои издоминираа на Оскари 2024 и забавата по доделувањето (фото) Марго Роби во тоалета како песочен часовник, со природна фризура и шминка позира...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg