Ким Кардашијан како сингл жена во придружба на милијардер, но со кого го поврзуваат Канје Вест? (фото)
- Детали
- среда, 26 мај 2021
Ким Кардашијан изгледа подобро од кога било по разделбата од Канје Вест, но изгледа и раперот продолжи понатаму.
Oткако Ким Кардашијан поднесе документи за развод по 7 години брак со Канје Вест, деновиве беше фотографирана излезена со мистериозниот милијардер од Лондон, Џејми Рубен.
Станува збор за неговата роденденска забава која се одржала во неговата вила во Беверли Хилс.
40-годишната Ким изгледаше посекси од кога било со стајлингот кој ја истакнува нејзината тесна половина.
Џејми, кој е пријател со членови на британското кралско семејство, како принцезата Беатрис, важи за еден од најпосакуваните ергени. Тој е во 30-тите години од животот и е сингл. Се претпоставува дека ќе наследи богатство од околу 26 милијарди долари.
Сепак со Ким се само блиски пријатели.
Од друга страна пак, Канје Вест (43) го поврзуваат со Ирина Шајк (35). Таблоидите пишуваат дека тој наводно тајно се гледа со супермоделот.
Инаку Канје и Шајк се знаат повеќе од една деценија. Уште во 2010 година Ирина се појави во спотот за песната „Power“ на Канје Вест со ангелски крилја на себе.
Само две години подоцна таа беше дел од неговото модно шоу во Париз. Ирина и пред еден месец промовираше парчиња од неговиот моден бренд.
Дали се вистина гласините, останува да видиме.
Фотки кога Ким излегува:
С. С. | Црнобело