Меган Фокс и Машин Ган провокативни со исплазени јазици, Пинк акробатски движења со ќерката – впечатливи моменти од Billboard 2021
- Детали
- вторник, 25 мај 2021
Меган Фокс и Машин Ган провокативно позираа со исплазени јазици, Пинк го украде шоуто со настапот заедно со ќеркичката Вилоу, а Дрејк доби едно од најважните признанија придружуван од синот Адонис. Ова накратко се највпечатливите настани на годинешните Billboard Music Awards, што во неделата (23.05) се одржаа во Microsoft Theater во Лос Анџелес.
Едни доминираа на црвениот тепих, други на сцената. Едни со впечатливи модни изданија, други со незаборавен перформанс на сцената.
Во продолжение погледнете некои од највпечатливите мигови на доледувањето на годинешните Billboard Music Awards.
Машин Ган Кели на годинешните Billboard Music Awards се појави со нов моден додаток. Покрај големиот број тетоважи и пирсови, рокерот овојпат гордо го покажа и обоениот јазик.
Претходно, тој објави Стори на Инстаграм на кое можеше да се види како се подготвува за настанот:
Друг заклучок е дека најверојатно бојата не се размачкува, па така и покрај страсниот бакнеж што го споделија на црвениот тепих, сепак Меган Фокс немаше боја на јазикот, а во фокусот остана нејзината тоалета што остави многу малку на имагинацијата.
Таа се појави во смела црна тоалета на Mugler и чевли од Jimmy Choo. Смелата тоалета вклучуваше горен дел со големи исечоци и потсетува на монокини, а долниот ден беше комплетиран со целосно проѕирно миди здолниште.
https://www.instagram.com/p/CPPaoj0l4HY/?utm_source=ig_web_copy_link
Од настапите, највпечатлив беше настапот на Пинк, која на сцената настапи со нејзината ќеркичка Вилоу.
Пинк годинава ја доби наградата Icon, а со тоа им се придружи на некои од нејзините колеги како Селин Дион, Мараја Кери, Џенет Џексон, Џенифер Лопез и други кои ја добиле оваа награда како признание за придонесот што го дале во музичката индустрија.
Пред да ја преземе наградата, што симболично ѝ беше доделена од страна на Бон Џови, таа настапи на сцената заедно со 9-годишната Вилоу.
Пинк отпеа неколку нејзини песни, а нејзината ќерка Вилоу ѝ се приклучи во впечатливиот акробатски перформанс за време на изведбата на песната Cover Me In Sunshine.
Дрејк пак, во неделата стана третиот музичар што ја добил наградата „Артист на деценијата“ на Billboard Music Awards. Toj го доби признанието поради неговото доминантно присуство на Billboard музичките листи во периодот од 2010-тата па наваму.
Инаку, претходно оваа награда ја добиле Мараја Кери (за 1990-тите) и Еминем (за периодот од 2000-2010). Наградата му беше доделена од страна на членовите на неговото потесно семејство, како и членови од неговата продуцентска куќа OVO.
Тој на сцената се појави заедно со неговиот син Адонис. Слаткото момче „прсна“ во плач поради гласната толпа.
Погледнете уште неколку фотографии во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело