Ким Кардашијан: „Норт ме исмејува што плачев за обетките, не сум подготвена моите деца да го гледаат нашето шоу“
- Детали
- четврток, 20 мај 2021
По 20 сезони од реалното шоу Keeping up with the Kardashians, во најавата за најновата епизода Ким Кардашијан и Скот Дисик (таткото на децата на Кортни Кардашијан) разговараат за тоа дали и кога би биле подготвени за тоа да им дозволат на нивните деца да го гледаат нивното реално шоу.
Ријалити ѕвездата вели дека ќерка ѝ Норт видела некои сцени и мисли дека тоа се популарни клипови на ТикТок. Како на пример сцената од Бора Бора кога Ким ги загуби обетките... Сега Норт ја исмејува и ја имитира кога плачела за обетките.
„Таа ја видела сцената и знае да дојде и да почне да вика: ‘Мамо, ја изгубив обетката!’ Ќе го направи тоа на шега, а јас си мислам: ‘Немаш поим што е тоа’“ – вели Ким.
Сепак, двајцата се сложни дека еден ден ќе треба да им дозволат на децата да го гледаат шоуто и ќе имаат многу работи за објаснување.
„Навистина не сакам да објаснувам кој е Крис Хамфрис“ - вели Ким.
Инаку, за оние што не знаат, Крис Хамфрис е НБА ѕвезда со која Ким беше во брак 72 дена во 2011-тата година.
Ким како мајка на Норт (7), Саинт (5), Чикаго (3) и Псалм (2) е свесна дека нејзините деца еден ден ќе бидат љубопитни и ќе сакаат да видат сè што се случувало.
Тоа ќе го направат или сами или заедно со родителите. Како што вели ќе мора да собере храброст да седне со нив и заедно да ги гледаат минатите епизоди, но сè уште не е подготвена за тоа.
Дисик кој има три деца со Кортни - Мејсон (11), Пенелопи (8) и Рејн (6), вели дека нивните деца ќе бидат заинтересирани и љубопитни да го видат минатото на нивните родители.
Тој слично како Ким е во дилема за тоа кога би било вистинското време за да им дозволи да го гледаат шоуто, особено ако се земат предвид некои сцени во кои тој учествува.
„Искрено, единствената личност што правеше лоши работи за време на шоуто, бев јас. Ти нема за што да се грижиш. Јас навистина имам многу работи за објаснување“ - вели тој.
За крај и двајцата велат дека децата воопшто не се загрижени затоа што шоуто доаѓа при самиот крај.
„Мислам некако е чудно што кога најавивме дека ќе престанеме да снимаме, кога Кортни му кажа на Мејсон, тој воопшто не реагираше. Како, воопшто да не му значи ништо“ – вели Ким.
За крај и двајцата се согласни дека сепак децата биле толку голем дел од шоуто, биле родени за време на шоуто, а воопшто и не се свесни што се случувало околу нив.
Погледнете го видеото во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело