Меган Фокс во најсекси издание досега – го прослави 35-тиот роденден со момчето (фото)
- Детали
- понеделник, 17 мај 2021
Меган Фокс го прослави 35-тиот роденден со вечера во Лос Анџелес со нејзиното момче Машин Ган Кели, а за пригодата се појави во можеби најсекси издание досега.
На 16-ти мај Меган Фокс наполни 35 години и го прослави роденденот во Лос Анџелес, со романтична вечера со нејзиното момче Машин Ган Кели. За пригодата Меган се појави во доста провокативно издание.
Младата актерка носеше црвени панталони и црвено сако, во комбинација со минијатурен црвен кроп-топ со длабоко деколте. Комбинацијата ја дополнила со црвени штикли и црвен кармин.
Машин Ган Кели беше со комбинација препознатлива за него – сина ролка, сиви панталони и црни чизми.
Познатиот пар ја започна врската минатата година, во периодот кога Меган поднесе барање за развод од Брајан Остин Грин со кого беше во брак 10 години. Моментално тие се обидуваат да се договорат за старателството на нивните три деца. И Машин Ган Кели има дете од претходна врска – 12-годишната Кеси.
Спирова С. | Црнобело