Неизбричени пазуви, ленти со влакна: Плус сајз модел поттикна измешани реакции со реклами за бричење и депилација
- Детали
- петок, 14 мај 2021
„Мојата филозофија отсекогаш била бричете што сакате, депилирајте што сакате, оставете што сакате – ако тоа вам ви одговара“, порачува Ешли.
Плус сајз моделот Ешли Греам (33) отсекогаш промовира природност и позитивност кон своето тело, без разлика како изгледа тоа.
Но, со најновите видеа кои се реклама за нејзината сорбатока со брендот Flamingo со кој ќе нуди сет за бричење и сет за депилирање со нејзиното име таа поттикна измешани реакции кај јавноста.
Во видеата Ешли гордо ги покажува своите неизбричени пазуви и влакната по целото тело.
„Мојата филозофија отсекогаш била бричете што сакате, депилирајте што сакате, оставете што сакате – ако тоа вам ви одговара“, порачува Ешли.
По објавување на рекламните видеа имаше многу негативни реакции. Иако има и такви кои ја поддржуваат.
Инаку, Ешли Греам објави фотка од своите неизбричени пазуви и за време на карантинот поради пандемијата.
Рекламите која поттикнаа измешани реакции:
С. С. | Црнобело