Бред Пит ѝ го погреши името на колешка, интервјуа на голема дистанца – Забавни и чудни моменти на Оскари 2021
- Детали
- понеделник, 26 април 2021
Бред Пит ѝ го погреши името на Ју-Џунг Јун, но таа само се насмеа, неколку ѕвезди се преправаа дека пијат шотови на црвениот тепих, Глен Клоус имаше хит танцувачки движења, а Рис Витерспун навистина се потруди да го имитра Роберт Де Ниро во Taxi Driver.
На 25-ти април се одржа 93-тото издание на доделувањето на Оскари, кое беше поразлично од кое било досега. Поради пандемијата и мерките за спречување на заразата, самата церемонија беше многу поинтимна и присуствуваа малкумина, а повеќето го следеа преносот онлајн. Оваа година, Оскарот за најдобар филм го доби драмата Nomadland.
Церемонијата се одржуваше во главната железничка станица во Лос Анџелес, позната и како Union Station, а ѕвездите се ротираа за седењето внатре со цел да се намали бројот на луѓе што е можно повеќе.
Номинираните актери, режисери, сценаристи и сите други кои беа присутни имаа дозвола да ги вадат маските само пред камера, но мораа да ги стават веднаш штом ќе завршат со интервју, доделување или прифаќање на наградата.
Поради сето ова, овогодишното доделување на Оскарите беше далеку помалку забавно од претходните. Немаше многу шеги, немаше многу незгоди на црвениот тепих, но сепак и овојпат се случија некои забавни работи што ѝ го привлекоа вниманието на јавноста.
Во продолжение погледнете дел од нив:
Поради некоја причина, некои ѕвезди, како Виола Дејвис и Марија Бакалова, се преправаа дека пијат шотови на црвениот тепих
https://twitter.com/Variety/status/1386455405627252741
The hottest new trend on the #Oscars red carpet? Taking a fake shot. First Viola Davis, now Maria Bakalova. Who's next? https://t.co/vicN5ufZG5 pic.twitter.com/2pziFzd5Ua
-->— Variety (@Variety) April 25, 2021
Еве како изгледаа интервјуата на црвениот тепих, со огромна дистанца
Чудно, но слатко – кога Флораин Зелер, сценаристот на The Father, држеше говор за добиениот Оскар, ненадејно доби бакнеж во грбот од неговата сопруга
Best Adapted Screenplay winner Florian Zeller's wife, Marine Delterme, popped in for a sneaky kiss! #Oscars #TheFather pic.twitter.com/LBEeFD02C2
— Decider (@decider) April 26, 2021
Даниел Калуја доби Оскар за Најдобра споредна улога, а во говорот изјави: „Мораме да го славиме животот. Мајка ми го запозна татко ми. Имаа секс. Неверојатно е“. Подолу е реакцијата на неговата мајка кога го слушна ова:
Daniel Kaluuya ‘s mom literally said “what is he talking about” #Oscars pic.twitter.com/vrGHBNLn7a
— Nicole Perez (@nicole_perez1) April 26, 2021
Годинава на Оскарите имаше природна светлина, па целата церемонија изгледаше многу „обично“
The lighting at the pandemic #Oscars makes it looks like all these famous people put on ball gowns to have a pep rally in the middle school gym/auditorium pic.twitter.com/xLv9HlQ7Q2
— Kimberly 🧜🏻♀️ Dinaro💲 (@KimberlyDinaro) April 26, 2021
Рис Витерспун се обиде да го имитира Роберт Де Ниро во Taxi Driver, и на крај возбудено праша дали звучи како него
Бред Пит ѝ го погреши името на Ју-Џунг Јун, но актерката само се насмеа и изјави дека им простува на сите кои ѝ го погрешиле името
Хали Бери му го погреши името на Ерик Месершмит, и тоа двапати
Актерката Глен Клоус ги покажа танцувачките вештини, откако ја прашаа дали ја знае песната Da Butt
Glenn Close, everyone! #Oscars pic.twitter.com/akwOxvRS6s
— The Academy (@TheAcademy) April 26, 2021
Спирова С. | Црнобело