Кејти Холмс мислела дека Том Круз ќе ја киднапира нивната ќерка - Најскандалозните разводи на славните
Мадона и Гај Ричи
Познатата пејачка и режисерот беа заедно осум години и наводно многу се труделе за да го спасат бракот. Нормално, тоа беше безуспешно и по разводот Мадона му исплати неверојатни 92 милион долари на Гај.
Додека траеше разводот, пак, адвокатите на Мадона открија дека нивниот брак бил далеку од совршен – наводно, режисерот бил насилен и ја навредувал пејачката, нарекувајќи ја „бабичка“.
Од друга страна, адвокатите на Гај тврдеа дека Мадона му вршела „емоционална тортура“ на Гај и постојано го контролирала.
Џесика Симпсон и Ник Лачи
За овој брак, пејачката има изјавено дека бил нејзината „најголема финансиска грешка“. Додека беа заедно, Џесика и Ник го снимаа реалното шоу Newlyweds, а наводно токму тоа била причината за нивната разделба. Ник откри дека шоуто целосно го опседнало нивниот приватен живот.
По разводот, извори блиски до Џесика открија дека Ник ја убедил да не потпишуваат предбрачен договор бидејќи во периодот кога се венчаа, Ник беше поголема ѕвезда од неа.
Но, кога дојде време да се разведат, Џесика беше многу поуспешна, па на крај му исплати 12 милиони долари на Ник.
Арнолд Шварценегер и Марија Шивер
Арнолд и Марија изгледаа вљубено и среќно, сè додека актерот не призна дека не само што имал афера со нивната куќна помошничка, туку добиле и дете. Нормално, после признанието Марија го напушти, а актерот ѝ исплати дури 250 милиони долари.
Тајгер Вудс и Елин Нордегрен
Во 2009 година во медиумите ширум светот осамна необична приказна за познатиот голфер. Најпрво јавноста дозна дека тој удрил со неговиот автомобил во дрво, а потоа се појавија гласини дека бегал од сопругата.
Подоцна се дозна и целата приказна. Наводно, Елин му го проверила телефонот на Тајгер и открила дека има афера. Тогаш почнала да го удира, а потоа го избркала надвор од куќата со палка за голф.
Тајгер влегол во неговиот автомобил и удрил во дрво. После скандалот, голферот изјави дека ќе прави пауза од кариерата за да си го спаси бракот, но неколку денови по изјавата, јавноста дозна дека Елин поднела барање за развод.
По разводот, Елин доби 100 милиони долари од познатиот голфер, а во меѓувреме се дозна дека тој ја изневерувал со неколку жени.
Лајза Минели и Дејвид Гест
Бракот на Лајза и Дејвид не заврши само со развод, туку и со неколку тужби. Во една од нив, Дејвид ја обвини пејачката дека го нападнала додека била пијана, а поради тоа поминал пет дена во болница. За ова, тој бараше 10 милиони долари од неа. Лајза, пак, го обвини дека ѝ украл 2 милиони долари.
По извесно време, и двајцата ги повлекоа тужбите и го финализираа разводот во 2007-ма.
Спирова С. | Црнобело