Кејти Холмс мислела дека Том Круз ќе ја киднапира нивната ќерка - Најскандалозните разводи на славните
- Детали
- сабота, 24 април 2021
Разводите во светот на славните не се ништо невообичаено. Всушност, тие се толку честа појава, што секојпат кога ќе чуеме за холивудска венчавка, се прашуваме колку долго ќе трае бракот.
Додека некои славни парови се разделуваат мирно и без многу скандали, голем број холивудски разводи ќе се зборуваат со години.
Скоро сите знаеме за судските битки на Анџелина Џоли и Бред Пит, или Џони Деп и Амбер Херд, но кои се другите славни разводи што ја разбранува јавноста?
Елизабет Тејлор и Ричард Бартон
Бракот, односно браковите на Елизабет и Ричард беа најголемиот холивудски скандал во свое време. Парот се запозна на сетот на Cleopatra и првпат стапија во брак во 1964.
Десет години подоцна, тие се разведоа поради аферата на Ричард со помлада колешка. Но, веќе следната година, во 1975-та, тие повторно стапија во брак и, веројатно погодувате, се разделија една година подоцна од истата причина како и првиот пат.
Џејмс Камерон и Линда Хамилтон
Филмот Titanic му донесе огромен успех на режисерот Џејмс Камерон, но го чинел неговиот брак. После разводот со Линда, таа сподели дека познатиот филм му станал поважен на режисерот од неа и целиот брак бил ужасен.
По разводот Џејмс ѝ даде 50 милиони долари на Линда – дотогаш највисоката исплатена сума во историјата на холивудските разводи. А, кратко по разделбата, Џејмс се венча со актерката Сузи Амис која глумеше во Titanic.
Том Круз и Кејти Холмс
Кога Кејти сфатила дека е време да го остави Том, таа веќе се плашела за својот живот. Добро познат факт е дека Том Круз е дел од скиентолошката црква, за која постојат ужасни гласини.
Црквата неретко е обвинувана дека ги малтретира своите членови и нивните семејства, но и дека го контрорлира секој аспект од нивните животи. Кејти била исплашена до тој степен, што мислела дека Том ќе ја киднапира ќерка им, па поднела барање за развод во тајност.
По разводот Кејти доби целосно старателство над ќерката Сури, која Том ја нема видено со години.
Алек Болдвин и Ким Бесинџер
Алек и Ким се разведоа во 2002-ра, но битката за старателството над нивната ќерка траеше неколку години. Нештата кулминираа кога во јавноста се појави снимка од телефонски повик, во кој Алек ја нарекува својата тогаш 11-годишна ќерка „неучтиво прасе“.
Наводно, разводот чинел околу 3 милиони долари, а дури во 2016 Ким изјави дека го подобрила односот со Алек.
Дру Баримор и Том Грин
Можеби разводот на Дру и Том не беше скандалозен, но нивниот брак траеше само пет месеци, а во тој период им се случиле многу лоши нешта.
Најпрво Том беше дијагностициран со рак на тестисите, а набрзо потоа домот на актерката беше уништен од пожар. Се чини дека во овие пет месеци, актерите ги следела само лоша среќа.