„Не си во право“ - Ева Мендез стана мета на критики откако сподели став околу родителството
- Детали
- четврток, 22 април 2021
Што мислите дали децата треба да добијат по некоја „дисциплинска“ од родителите при растењето и воспитувањето? Ева Мендез е против удирањето на децата во која било смисла, a мислењата на фановите поделени.
Ева Мендез има две деца со актерот Рајан Гослинг, но парот ретко споделува фотографии и детали од приватниот живот.
Овојпат Мендез на својот Инстаграм профил се огласи на тема родителство и предизвика онлајн дебата.
Актерката, која ги има ќерките Есмералда (6) и Амада (4), во Инстаграм објавата прво откри дека кога ја прашуваат кој ѝ е омилен фустан од црвениот тепих одговара дека тоа дефинитивно е Versace фустанот.
https://www.instagram.com/p/CN25TPFBaHD/
„Но, никој не ме прашува која ми е омилена фраза за родителството, но јас сепак ќе ја споделам“, напиша Мендез и ја сподели фразата: „Плескањето/тепањето на детето му го прави на развојот на детето она што удирањето на брачниот партнер му го прави на бракот“.
И оваа објава на Мендез поттикна вистинска онлајн дебата.
И додека многу родители ја поддржаа, дел коментираа:
„Не знам баш дали е така, јас бев тепан како дете и сега сум возрасна личност полна со почит. И верувајте ми, заслужив, бев навистина лошо дете.“
„Те сакам, но мора да не се согласам со тебе. Плескањето на децата е за коригирање на некое нивно однесување и дисциплинирање при растењето и е комплетно различно од тепање на брачен партнер.“
Трета личност прокоментира: „Удирањето по некоја воспитна на децата е за да се научат на нешто, а не е за да се повредат или да се злоупотребат.“
Мендез на ова заклучи дека секој родител очигледно има свој начин на воспитување на децата и дека таа нема идеја што прави во најголем дел од времето затоа што не постои прирачник за воспитување на децата.
Еден од оние коментари кои ја поддржуваат против удирањето на децата гласи: „Јас имам 3 деца и го разбирам нагонот понекогаш да ги удрите, но не го правам тоа, затоа што сметам дека тоа е губење на контрола на родителот. Како родители нас должност ни е да ги научиме децата како да комуницираат на здрав начин дури и кога сме навистина вознемирени. Плус, обврска ни е да им помогнеме и тие да изградат систем на самоконтрола за еден ден да не се истурат врз некој друг кога работите не одат како што тие сакаат или пак тие се лути или фрустрирани.“
Друг коментар гласи: „Кога возрасна личност ќе удри возрасна личност тоа е напад и може да се покрене обвинение и да се оди во затвор, но кога возрасна личност ќе удри беспомошно дете тоа се вика дисциплина... Не, не може така.“
Каков е вашиот став на оваа тема?
С. С. | Црнобело