Бритни Спирс се прошета во опуштено издание по влечки + нови фотки од нејзиниот згоден дечко
- Детали
- понеделник, 19 април 2021
Бритни Спирс оди на шопинг во лежерно издание по влечки додека го чека новото сослушување за судската битка што ја води со татко ѝ. Во меѓувреме, нејзиното 27-годишно момче, кое отворено ја поддржува, редовно споделува фотки од мускулестото тело, но и понекој фитнес совет за неговите фанови.
Се чини дека Бритни Спирс целосно се повлече од јавноста откако го заостри односот со татко ѝ и почна судска битка со цел да си ја врати финансиската независност. Па, папараци фотките од неа станаа реткост и вистинско изненадување за фановите.
Деновиве пејачката се појави во јавност, додека го чека новото сослушување во врска со судската битка што ја води со татко ѝ.
Бритни беше фотографирана додека оди на шопинг во Малибу, во опуштено издание по влечки. На фотките, 39-годишната пејачка носи фармерки и кафеаво сако, а комбинацијата ја дополнила со кафеави влечки.
Неодамна пејачката се огласи во врска со документарецот за нејзиниот живот, во кој е прикажано како таа ја изгубила финансиската независност.
Иако документарецот го разгоре движењето FreeBritney и ја подигна свеста за нејзината неповолна положба, таа сподели дека плачела поради начинот на којшто ја прикажува.
Моментално Бритни има друг привремен легален старател бидејќи татко ѝ се соочува со здравствени проблеми, а пејачката се обидува тој никогаш повеќе да не ја добие моќта да го контролира нејзиниот живот. Според изворите, следното сослушување во врска со случајот е закажано за овој месец.
Бритни речиси и да не зборува за целата ситуација, но нејзиното момче, Сем Ашгари, отворено ја поддржува.
27-годишниот Сем и Бритни се запозна во 2016 година и, очигледно, тој ѝ е огромна поддршка во целата ситуација.
Згодниот Сем е голем фитнес фанатик, а и тој, и Бритни редовно споделуваат фотки и видеа од заедничките тренинзи.
Младиот актер доста често објавува и фотографии на кои гордо го покажува мускулестото тело, а одвреме-навреме споделува и понекој фитнес совет за неговите фанови.
Спирова С. | Црнобело