Анџелина Џоли без грам шминка и без градник шета прегрната со ќерката Вивиен + сака да сведочи против Бред Пит
- Детали
- петок, 16 април 2021
Анџелина Џоли прошета низ Лос Анџелес прегрната со ќерка ѝ Вивиен, без грам шминка и без градник. Во меѓувреме, уште трае судската битка со Бред Пит, а наводно сега и Џоли ќе сведочи против него.
Анџелина Џоли и нејзината 12-годишна ќерка изгледаат одлично додека шетаат прегрнати низ Лос Анџелес.
И 45-годишнината актерка и ќерка ѝ Вивиен се во лежерно издание, а на сите заеднички фотки од папараците се прегрнати.
Џоли е облечена во црн фустан и не носи градник, а комбинацијата ја надополнила со црно сако, влечки и беж чанта.
Вивиен, пак, е во лежерна комбинација со кратки црни панталони и бел блузон со принтови.
Покрај Вивиен, Џоли има уште пет деца, а уште води битка со бившиот сопруг Бред Пит за нивното старателство. Тие се разделија во 2016-та, и оттогаш уште не можат да најдат заедничко решение.
Покрај многуте проблеми, Џоли го обвини Бред за семејно насилство, а се консултираше и со ФБИ, кои започнаа истрага за тоа. Додека Бред сака заедничко старателство, Анџелина не го дозволува тоа и според некои извори, актерите можно е да се „влечат“ по судови уште неколку години.
Бидејќи и двајцата актери имаат доволно пари да ги најмат најдобрите адвокати, очигледно е дека битката ќе потрае.
Неодамна, пак, нивниот најстар син Медокс сведочеше против Бред, а се дозна и дека повеќе не сака да го користи неговото презиме.
Односно, наместо Медокс Џоли Пит, сака да биде Медокс Џоли. Наводно, тој веќе престанал да се потпишува како Џоли Пит во неофицијални документи.
Според извори блиски до актерката, токму инцидентот помеѓу Бред и Медокс ја прелил чашата за Анџелина. Не е познато што точно се случило, но во миговите пред разделбата, додека целото семејство леташе со приватен авион, Бред физички го нападнал Медокс, а актерката не можела да му го прости ова.
Моментално истрагата на ФБИ е затворена, но наводно сега и Џоли ќе сведочи против Бред, па не е ни чудно што правните експерти предвидуваат дека нивната битка ќе се развлече уште неколку години и ќе ги чини многу пари.
Спирова С. | Црнобело