Пријанка Чопра ги украде сите погледи – разголено деколте и нежности со сопругот на BAFTA 2021 (фото)

Пријанка Чопра пристигна меѓу првите на настанот и дефинитивно го привлече вниманието на сите, Ана Кендрик изгледаше волшебно со долгиот фустан, Хју Грант пристигна со сопругата, a и двајцата изгледаа одлично.

prijanka-chopra-gi-ukrade-site-pogledi-razgoleno-dekolte-i-nezhnosti-so-soprugot-na-bafta-2021-01.jpg

Викендов се одржа 74-тото доделување на BAFTA наградите во Ројал Алберт Хол. Поради пандемијата, настанот беше виртуелен и најголемиот дел од присутните во Лондон беа ѕвездите кои ги презентираа наградите, додека останатите се вклучуваа онлајн.

prijanka-chopra-go-ukrade-shouto-shto-nosea-dzvezdite-na-crveniot-tepih-na-bafta-nagradite-2021-foto-02.jpg

Оваа година принцот Вилијам и Кејт Мидлтон, кои обично се почесни гости на настанот, не се појавија поради смртта на принцот Филип.

Кралското семејство со години го поддржува настанот, а во минатото, принцот Филип беше претседател на BAFTA наградите.

Сега оваа титула му припаѓа на Вилијам, кој годинава го прескокна неговиот говор поради смртта на дедо му.

Една од присутните беше Пријанка Чопра, која ја презентираше наградата за категоријата „Најдобра анимација“.

Priyanka-Chopra-Wore-Pertegaz-To-The-2021-BAFTAs.jpg

prijanka-chopra-go-ukrade-shouto-shto-nosea-dzvezdite-na-crveniot-tepih-na-bafta-nagradite-2021-foto-03.jpg

Таа пристигна меѓу првите на настанот, заедно со сопругот Ник Џонас. Актерката изгледаше одлично со широко бело здолниште и сако со длабоко деколте, украсено со везови, а Ник носеше црн костум.

priyanka-chopra-nick-jonas-baftas-2021-shutterstock-ftr.jpg

Славниот пар дефинитивно привлече најмногу внимание, а пред камерите решија и да споделат неколку бакнежи.

priyanka-chopra-nick-jonas-baftas-2021-shutterstock-post-2.jpg

prijanka-chopra-go-ukrade-shouto-shto-nosea-dzvezdite-na-crveniot-tepih-na-bafta-nagradite-2021-foto-04.jpg

На настанот се појави и Фиби Диневор, која исто така беше еден од презентерите. 25-годишната ѕвезда од хит-серијата Bridgerton носеше долг елегантен црн фустан со еден ракав.

prijanka-chopra-go-ukrade-shouto-shto-nosea-dzvezdite-na-crveniot-tepih-na-bafta-nagradite-2021-foto-05.jpg

Рене Зелвегер ја презентираше наградата за „Најдобар актер“, но не беше присутна во Ројал Алберт Хол. Актерката се вклучи во живо од Лос Анџелес, а за пригодата одбрала долг сребрен фустан со интересен корсет.

prijanka-chopra-go-ukrade-shouto-shto-nosea-dzvezdite-na-crveniot-tepih-na-bafta-nagradite-2021-foto-06.jpg

37-годишната Фелисити Џоунс ја презентираше наградата за „Најдобра кинематографија“, а на црвениот тепих се појави во долг црн фустан украсен со чипка.

prijanka-chopra-go-ukrade-shouto-shto-nosea-dzvezdite-na-crveniot-tepih-na-bafta-nagradite-2021-foto-07.jpg

prijanka-chopra-go-ukrade-shouto-shto-nosea-dzvezdite-na-crveniot-tepih-na-bafta-nagradite-2021-foto-08.jpg

На црвениот тепих се појави и шармантниот Хју Грант, заедно со сопругата Ана. 60-годишниот актер носеше црн костим, а неговата сопруга – краток црн фустан со светки.

prijanka-chopra-go-ukrade-shouto-shto-nosea-dzvezdite-na-crveniot-tepih-na-bafta-nagradite-2021-foto-09.jpg

Исто како Рене Зелвегер, и Ана Кендрик се вклучи во живо од Лос Анџелес за да ја презентира наградата за „Најдобра актерка“. Таа носеше долг светкав фустан со висок шлиц.

prijanka-chopra-go-ukrade-shouto-shto-nosea-dzvezdite-na-crveniot-tepih-na-bafta-nagradite-2021-foto-10.jpg

На настанот во Лондон присуствуваа и Том Хидлстон и Џејмс Мекавој кои, како повеќето актери, носеа црни одела.

prijanka-chopra-go-ukrade-shouto-shto-nosea-dzvezdite-na-crveniot-tepih-na-bafta-nagradite-2021-foto-11.jpg

prijanka-chopra-go-ukrade-shouto-shto-nosea-dzvezdite-na-crveniot-tepih-na-bafta-nagradite-2021-foto-12.jpg

Водителите на овогодишното доделување на BAFTA наградите беа Едит Боуман и Дермон Олери, кои споделија понекој збор за принцот Филип:

„Тој беше првиот претседател на BAFTA наградите, титула која сега му припаѓа на неговиот внук - војводата од Кембриџ. Токму поддршката на принцот Филип и нејзиното височество, кралицата, овозможија одржувањето на BAFTA да продолжи и во тешките времиња и да се одржува и денес, во 2021-ва. Војводата од Единбург има посебно место во историјата на BAFTA и нашите мисли се со кралското семејство“.

prijanka-chopra-go-ukrade-shouto-shto-nosea-dzvezdite-na-crveniot-tepih-na-bafta-nagradite-2021-foto-13.jpg

Како изгледаа другите ѕвезди кои присуствуваа или се вклучија во живо на настанот:

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Аријана Гранде како замотана во јорган – Најдобро и најлошо облечени ѕвезди на Оскари 2024 (фото) Марго Роби ги замени розовите „Барби“ тоалети за црн провокативен фустан, а Ариј...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Анџелина Џоли разочарана: Биолошката ќерка ѝ го сврте грбот – ќе се сели кај татко ѝ Шајло Џоли Пит во мај годинава ќе наполни 18 години, а планира да се пресели кај...
Остана без работа поради користењето дрога, не ѝ дозволувале да јаде: Тажни детали од животот на Кеј... По бурната врска со Џони Деп, за да го преболи, Кејт Мос се вплетка во љубовен т...
8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
„Засрами се“ - Мадона (66) стана мета на критики затоа што јадеше супа топлес Разголени фотографии на Мадона предизвика лавина од реакции.... „Однесувај се во...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg