Зошто принцот Филип никогаш не стана крал?
- Детали
- сабота, 10 април 2021
Ако принцот Вилијам стане крал, Кејт Мидлтон ќе стане кралица, но зошто принцот Филип никогаш не стана крал?
Принцот Филип, кој почина на 99-годишна возраст, пред повеќе од 70 години стапи во брак со тогаш принцезата Елизабета и беше присилен да се откаже од неговите грчки и дански кралски титули за да стане Војводата од Единбург.
Но, една деценија подоцна, во 1957 година, кралицата Елизабета официјално го прогласи за британски принц.
Но, зошто тој никогаш не ја доби титулата крал?
Сопругите на британските монарси по правило ја добиваат церемонијалната титула кралици.
На пример мајката на Елизабета станала кралица кога нејзиниот сопруг Џорџ VI станал крал, Камила најверојатно ќе стане кралица ако Чарлс стане крал, а истото важи и за Кејт Мидлтон ако принцот Вилијам стане крал.
Но, обратната ситуација не е правило. Односно, мажот кој ќе се ожени за жена британски монарх ја добива титулата принц, а не крал. Како и многу кралски традиции, ова правило се припишува на стариот и моќен патријархат.
Се смета дека кралевите секогаш владеат, додека кралиците може да бидат само симболични титули.
С. С. | Црнобело